Американскиот амбасадор во Србија со порака: Не е добро се да ви зависи од едно место!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот амбасадор во Србија, Мајкал Кирби испрати остра порака до српските власти во односите на Србија со Русија по прашањето „Јужен тек“.

„Србија има потенцијал кога станува збор за заштеда на енергија и не е добро енергетски да зависите од едно место“, рече Кирби.

Тој побара од Србија да се посвети на потребните реформи за приклучување кон ЕУ.

„Без владеење на правото нема ништо. Имавте штрајк на адвокатите кои траеше долго и кој се одложи поради голем број на судење, а тоа е речиси недозволиво. Освен тоа, дури и кога немате штрајк, судењата во Србија се предолги, што е голема препрека за воведување на правна држава“, истакна Кирби.

Тој додаде и дека законите кои во Србија се носат се добро, но не служат ако останат само на хартија. „Не вреди само да донесувате закони, треба и да ги применувате“, потенцира Кирби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×