Американскиот потпретседател Бајден пристигна во Загреб
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Biden_ZagrebАмериканскиот потпретседател Џо Бајден пристигна во Загреб каде ќе учествува на самитот на лидери од Југоисточна Европа посветен на приближување на овој регион кон ЕУ и НАТО, пренесува хрватски „Poslovni.hr“.

Вториот човек на САД ќе учествува на состанокот на регионалната иницијатива Брдо – Бриони која на едно место ги собира лидерите од земјите кои настанаа со распадот на Југославија плус Албанија.

На состанокот ќе учествуваат сите претседатели на земјите од регионот, како и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и австрискиот претседател Хајнц Фишер.

Доаѓањето на Бајден на овој состанок се гледа како големо враќање на САД на регионалната сцена, после големата улога што оваа светска сила ја имаше во ставањето крај на војната во БиХ во 1995 година.

Самитот се случува во ек на бегалската криза која силно ги погоди земјите од таканаречената балканска рута и во ек на зголемена мерка на безбедност во Европа поради терористичките напади.

Словенија и Хрватска кои се двете земји кои ја покренаа оваа иницијатива, не сакаат бегалската криза да ги засени другите проблеми во соседството – внатрешните немири во Црна Гора околу пристапувањето на земјата во НАТО, нерешените односи меѓу Србија и Косово, како и исламизацијата на традиционално секуларните Албанци на Косово, Македонија и Албанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×