Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис доаѓа во Македонија за поддршка на референдумот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Matis 2Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис најави дека следниот викенд ќе ја посети Македонија пред референдумот на 30 септември на кој ќе се гласа за Договорот за Грција за промена на името, изразувајќи притоа загриженост поради руско наводно руско мешање.

“Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ”, рече Матис во изјава за новинарите во Пентагон.

Шефот на Пентагон изјави дека е загрижен оти Русија би можела да се обиде да се вмеша во исходот на референдумот, од чиј успех зависи членството на Македонија во НАТО.
“Ако имате гласање, Москва ќе се меша. Јас сум загрижен за тоа.  Такво мешање Русија практикуваше од Естонија до Соединетите Американски Држави, од Украина и сега во Македонија, секогаш се приспособува на конкретната ситуација и секогаш е надвор од сите правила”, рече американскиот секретар за одбрана.

„Демократиите треба да бидат оставени намира“, порача Матис.

Матис е највисокиот државен претставник на САД кој ќе дојде во Скопје во пресрет на референдумот.
В четврток во Македонија земјата ќе престојува помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

Прашањето за мешањето на Москва и обидите за уривање на Договорот од Преспа се актуелизираа откако Грција летово протера двајца од земјата. Македонскиот премиер Зоран Заев потоа тврдеше дека дел од протестите и насилствата во неговата земја против договорот со Грција биле спонзорирани од грчки бизнисмени со руски врски.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×