Американскиот технолошки гигант VMWare, ќе инвестира 23 милиони евра во Бугарија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Од влегувањето во Бугарија, компанијата има инвестирано повеќе од 350 милиони лева (175 милиони евра).
vmwareАмериканскиот технолошки гигант VMWare ќе инвестира 46 милиони лева (23 милиони евра) во Бугарија, според соопштението за медиумите објавено од Министерството за економија на Бугарија. Компанијата денес добива сертификат за вложување во класа А според законската регулатива.
Главната цел на овој инвестициски проект е проширување на постоечките капацитети на компанијата преку истражување и развој на нови софтверски производи и зголемување на бројот на вработени во наредните години.
„Работниот капацитет на VMware Bulgaria EOOD ќе го подобри развојот на нови производи и ќе понуди професионални услуги за имплементација на производите купени од корисниците“, се вели во соопштението.
VMWare, кој работи на бугарскиот пазар од 2007 година, ќе вработи уште 500 луѓе. Од влегувањето во Бугарија, компанијата има инвестирано повеќе од 350 милиони лева (175 милиони евра), со што Софија е еден од трите главни стратешки истражувачки и развојни центри во светот за VMWare. Во моментов, повеќе од 1.000 вработени работат во Бугарија, а повеќе од 20.000 во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×