Американските компании имаат 1.700 милијарди долари готовина, но заради високите даноци 72% чуваат во странство
Објавено на од во Компании
Најголеми износи надвор од САД држат петте компании што имаат и најмногу готовина:  Apple, Microsoft, Alphabet, Cisco и Oracle надвор држат 441 милијарда долари, или 87% од вкупната своја готовина.
AMerikanski kompanii cash

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Американските нефинансиски компании минатата година располагале со 1.700 милијарди долари готовина, при што 30% од тој износ или 504 милијарди поседуваат пет технолошки гиганти – Apple, Microsoft, Alphabet (Google), Cisco  и Oracle.

Анализата на рејтинг агенцијата Moody’s покажува дека повеќе готовина е концентрирана во само неколку компании во однос на претходните години – во 2014 овие пет компании имале 27% од вкупниот кеш, а во 2013 25%.

Износот на готовина што ја држат американските компании пораснал во 2015 година за 1,8% во однос на годината претходно. Зголемувањето на готовинската позиција на корпоративна Америка на инвеститорите им е с$ поважна затоа што растот на заработките забавува, а цените на акциите стагнираат. Инвеститорите на овие високи готовински позиции гледаат како на потенцијален извор на поголеми дивиденди, што би можеле и понатаму да им обезбедат добри приноси, дури и во услови на стагнација на акциите. Минатата година дивидендите на корпоративна Америка пораснале за 4%, на рекордни 404 милијарди долари. Истовремено, компаниите ги намалиле своите капитални вложувања за 3%, на 885 милијарди долари.

Но, американските компании, 72% од вкупната готовина, или 1.200 милијарди долари чуваат надвор од САД, бидејќи избегнуваат да плаќаат високи даноци. Тој износ се зголемува, со оглед дека во 2014 надвор од земјата компаниите чувале 1.100 милијарди, а во 2013 947 милијарди долари.

Најголеми износи надвор од САД држат токму петте компании што имаат и најголеми готовински позиции. Apple, Microsoft, Alphabet, Cisco и Oracle надвор држат 441 милијарда долари, или 87% од вкупната своја готовина.

Во Moody’s очекуваат дека тој износ во странство ќе расте и понатаму.

“Очекуваме дека износот на готовина на американските компании на сметки во странство ќе расте с$ додека не се промени даночната регулатива што ќе ги охрабри да ги вратат парите во САД. Има малку напредок во реформите на корпоративните даноци што би ги поттикнале американските компании трајно да ги вратат парите што ги држат во странство“, велат во Moody’s.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×