Американските компании со рекорден раст на профитот од 16% во вториот квартал
Објавено на од во Економија

US-Economy-960x540Заработките на американските корпорации драстично се зголемија во вториот квартал годинава, како резултат на даночната реформа и посилниот економски раст, пишува The Wall Street Journal.

Министерството за трговија соопшти дека профитот на американските компании порасна за 16,1% во второто тримесечие годинава во споредба со истиот период лани, што е најголем раст во изминатите шест години. Компаниите од S&P 500 индексот, пак, забележаа уште поголем раст на профитите од 24,8% во вториот квартал, што е втор најбрз раст од 2010 година наваму.

Заради понискиот корпоративен данок, давачките платени од американските компании во вториот квартал се намалени за 33% во спореддба со истиот период лани или за над 100 милијарди долари. Силниот економски раст исто така има своја улога. Во периодот од април до јуни годинава американската економија порасна за 4,3%.
Добрите економски вести и одличните извештаи од компаниите го поттикнаа растот и на берзанските индекси.
Во средата S&P 500 индексот порасна за 0,6 проценти, за технолошкиот индекс Nasdaq за 1%, постигнувајќи нови рекордно високи вредности.
Се очекува растот на профитите да ја придвижи економијата и во следните месеци, со оглед на фактот дека американските компании ќе имаат повеќе пари за инвестиции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×