Американските топ менаџери најплатени во светот: Чариф Суки од Cheniere Energy заработува 142 милиони долари годишно
Објавено на од во Економија

Чариф Суки ( Cheniere Energy – 142 милиони долари), Марио Габели (GAMCO Investors – 85 милиони долари) и Лари Елисон (Oracle – 78 милиони долари) се најплатените менаџери во светот, според New York Times.

Средната парична награда за високо поставен менаџер во голема, глобална корпорација изнесува бруто 1.4 милиони евра со средно покачување од 3.5% споредено со минатата година. Оваа сума вклучува 681. 000 евра основна плата и 719.. 000 евра краткорочен бонус, бруто, годишно. Во просек основната плата се покачи за 3.1.%, а краткорочните бонуси за 4.2%. Ова се клучните изводи од глобалното истражување изведено од фирмата за пребарување на менаџери Pedersen & Partners меѓу 1.700 менаџери во 330 компании и 17 држави. Истражувањето покрива високо поставени менаџери во најголемите светски компании со просечно 133. 000 вработени, промет од 42 милијарди евра и профит од 4.1 милијарди евра. Големината на компанијата е најважниот фактор кога се определува нивото на пакетот на топ менаџерот. Во главно, што поголема компанија, тоа повисоки платите на топ менаџерите, потцртувајќи го повисокото ниво на одговорност.

Со секои 50.000 вработени уште по 600.000 евра плата

Едноставно кажано: во просек, топ менаџерската плата се зголемува за 600. 000 евра со секои 50.000 вработени.“, вели авторот на студијата Конрад Прамбок, менаџер на консалтинг за награди во Pedersen & Partners. Компаниите од Западна Европа и САД им предлагаат на своите топ менаџери слични пакети во смисла на основна плата и бонуси. Во просек, вкупната парична награда (вклучувајќи ги краткорочните бонуси) е помеѓу 1.4 и 1.5 милиона евра. Најголемите разлики во структурата на пакетите се гледа во долгорочните придобивки, коишто се најмногу во формата на опции за акции. Компаниите од САД им доделуваат опции за акции на своите топ менаџери со вредност од 447. 000 евра во просек, додека топ менаџерите во Европа добиваат опции за акции со вредност од 107. 000 евра во просек.

 

 

Колку се платени балканските топ менаџери?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×