Американските царини ќе доведат до загуба на илјадници работни места во автомобилската индустрија
Објавено на од во Економија

Trgovska vojna 3Водечките автомобилски здруженија во САД ја предупредија администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека наметнувањето на 25 % царини на увезените возила ќе предизвика укинување на стотици илјади работни места во автомобилската индустрија, додека цените на возилата значително би пораснале.

Коалицијата составена од главните странски производители на автомобили, вклучувајќи ги Тојота Мотор, Фолксваген, БМВ и Хјундаи Мотор, порача дека царините ќе им наштетат и на производителите на автомобили и на американските потрошувачи.

Владата на Трамп во мај покрена истрага за тоа дали увезените возила се закана по националната безбедност, а претседателот Трамп се закани со воведување на царини.

“Таквите царини би ги зголемиле цените за американските потрошувачи, би им го ограничиле изборот и би ја сузбиле продажбата и американското производство на автомобили”, соопшти Здружението на глобални производители на автомобили.

Здружението додаде дека „наместо да создадат работни места, царините би резултирале со загуба на стотици илјади американски работни места во производството и продажбата на автомобили, СУВ возила, камиони и автомобилски делови“.

Трамп во петокот се закани наскоро ќе биде воведен 20% царина на сите увезени автомобили произведени во ЕУ.

Сојузот на производители на автомобили, што ги вклучува Генерал моторс, Форд Мотор, Дајмлер, Тојота и други, ја повика владата преку посебно соопштение во средата да не продолжува натаму со тој процес.
Сојузот соопшти дека анализата на податоците за продажбата на автомобили од 2017 година покажала дека наметнувањето на царина во висина од 25 % на увозните возила ќе резултира со просечен пораст на цените од 5.800 долари, што би ги зголемило трошоците на американските потрошувачи за речиси 45 милијарди долари годишно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×