Американските царини за челик и алуминиум стапија на сила. Европа, Канада и Мексико најавуваат контрамерки
Објавено на од во Економија

Trump dollarОд Европа, Канада и Мексико кои се најпогодени од воведувањето на американските царини најавуваат контрамерки на американските царини од 25% на челик и 10% на увоз на алуминиум.

Од полноќ стапија на сила царините кои ги воведе САД за увоз на челик и алуминиум од Европа, Канада и Мексико, а погодените земји најавија контрамерки на оваа одлука на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Американскиот државен секретар за трговија Вилбур Рос за медиумите потврди дека царините од 25% за увоз на челик и 10% за увоз на алуминиум од ЕУ, Мексико и Канада стапуваат на сила во петок наутро во 5 часот по наше време.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер најави дека ЕИ ќе воведе контрамерки на САД.

“Ова е лош ден за светската трговија. Веднаш ќе поведеме постапка пред Светската трговска организација и во наредните часови ќе бидат воведени контрамерки”, изјави Јункер. “Целосно е неприфатливо една држава да воведува еднострани мерки. Тоа е недозволиво во светската трговија”, вели Јункер.
Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром исто така најави постапка против САД пред СТО.

Францускиот претседател на Емануел Макрон изјави дека одлуката на САД да воведе тарифа на увоз на металиод Европа е незаконска и дека претставува грешка, додека канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека потегот на САД е неприфатлив и најави реципрочни мерки на Канада како одговор на американските царини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×