Американските власти почнаа истрага против Гугл, Епл, Фејсбук и Амазон
Објавено на од во Компании
Министерството за правда на САД објави дека отвора истрага за големите компании за дигитална технологија во врска со тоа дали учествуваат во антиконкурентски практики.
биг тецхИстрагата е со цел да се утврди како водечките онлајн платформи на пазарот добиле моќ, дали и наштетуваат на конкуренцијата, дали ги потиснуваат иновациите или на друг начин ги оштетуваат потрошувачите.
Министерството за правда не објави кои се тие компании, но истакна дека во разгледувањето ќе се земе предвид загриженоста за „пребарување, социјални медиуми и некои малопродажни услуги на интернет“.
„Без дисциплина во пазарната конкуренција, дигиталните платформи можат да дејствуваат на начин кој не одговара на барањата на потрошувачите“, изјави во соопштение помошникот државен адвокат Макан Делрахим, раководител на Одделот за заштита на пазарната конкуренција.
Некои американски медиуми во јуни објавија дека Министерството за правда планира да испита дали Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл ја злоупотребиле својата пазарна моќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×