Американците потрошиле 14,3 милијарди долари за Супербоул викендот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По вчерашното одржување на најголемиот спортски настан во Соединетите Американски Држави, Super Bowl, новинарските текстови за финалниот натпревар на американската Национална фудбалска лига (NFL) повторно се украсени со фразата „фабрика за пари“.

А има и зошто. New England Patriots победија против Seattle Seahawks, а најпотрошувачката нација на светот викендов потроши 14,3 милијарди долари.

Големите бројки, секако, не завршуваат тука. Додека се чека комплетирање на овие од викендов, да се потсетиме дека ланскиот Super Bowl го гледаа 112,2 милиони гледачи, со што стана најгледана телевизиска содржина во историјата на САД. Овогодинешниот натпревар се очекува дека го соборил рекордот.

Лани 30-секундна реклама чинеше 4 милиони долари, а за вчера рекламниот простор се продавал по цена од 4,5 милиони. Градот домаќин, Глендејл (Аризона), се проценува дека инкасирал 600 милиони долари. Нелегалните обложувачки влогови на настанот достигнале 3,8 милијарди долари, а и оваа бројка е конзервативна, сметаат од Американската асоцијација за обложување (American Gaming Association – AGA).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×