Анализа за најважното што не се прави во Македонија.
Клучен проблем во 2026!

Kога сте во долгорочна криза мора да го намалите државниот апарат. Сите денес сериозно работат на тоа. И американскиот претседател Доналд Трамп во Давос се пофали дека државниот апарат во Вашингтон и низ целата земја само во еден удар го намалил за околу 300.000 административци. Преку дигитализацијата. Дури и посочи дека тие денес му се благодарни за тоа. Истото се случува во речиси сите земји членки на ЕУ. Во Македонија обратно, се разбира. Јавниот и државниот сектор постојано се зголемуваат, затоа што тоа е практично партиска армија на вработени. Ако нахраните голем број луѓе, сите ќе одат на избори и вие ќе победите на тој начин. Примитивно.

Вистинското прашање е – каква е структурата на македонската економија? Од десет најбарани професии во Македонија од страна на компаниите, само една професија бара високо образование. Дали мислите дека некој размислува за тоа? Поставува ли некој прашање за тоа со каква структура на образованието располага ова општество и економија. Секако дека сите професии се важни и вредни. Има ли додадена вредност на вработувањето. Која е таа, анализира ли некој, мери ли некој, реформира ли некој овде на оваа тема?

Но, во Македонија нема јавна дебата за овие прашања. Гледате … како универзитетска диплома повеќе не е потребна. А речиси и да нема бизниси и компании на кои им требаат баш високообразовани кадри! Овде се потребни работници со ниски вештини. Гледајте какви доаѓаат од надвор периодов. Тоа ви кажува нешто? Од друга страна, многу универзитети образуваат студенти во Македонија кои се едноставно непотребни. И ако има многу такви студенти (обични), а многу малку инженери, тогаш каква иднина можете да очекувате?

И да произведете инженери низ образовниот процес, ако нема претприемачки инвестиции во нови компании од индустријата, каде ќе се вработат? Во кои фабрики!? Затоа тие ке бараат политичка партија и држава по една линија, а по втора линија после завршувањето на студиите се исселуваат! Македонија неповратно ги губи своите највредни потенцијали затоа што не отвора простор за нови можности, и развој на приватната иницијатива и претприемаштвото. Се негува сеуште менталитетот дека приватните инвеститори и претприемачи се половината криминалци.

Како е да се биде претприемач во Македонија? Отвора ли некој тема во македонското општество околу ова. Гледате ли студии за претприемништво во Македонија? Не. Постои ли претприемачка писменост, мотивациски процес и финансиска писменост кај помладите генерации, па и кај повозрасните? Постои ли еуфорија за инвестиции во претприемнички проекти? Не.  

Македонските претприемачи, оние што се охрабруваат, вистинските херои на 21 век, велат дека им е тешко! Работниците, пак, особено оние во приватниот сектор, велат дека приватниот сектор во Македонија заостанува зад јавниот сектор (со условите за работа, како и со платите и придонесите). Точно и ретардирано. Особено по зголемувањето на платите на јавниот сектор пред секои избори од кое зголемување најмногу ефект чувствуваат самите работниците во јавниот сектор и пензионерите, се разбира.

Оттука, ова е наједноставниот опис на состојбата со претприемништвото во Македонија. Речиси ниедна институција во државата не се занимава со оваа тема. Нема следливост на домашните македонски претприемачки инвестиции. Се е свртено кон странските инвестиции. Не се разбира тежината на секторите претприемништво и домашни инвестиции. Сите сакаат да работат во државните институции. Буџетот за плати во јавниот сектор расте, а продуктивноста таму е мала речиси да ја нема. А приватниот сектор (морето на претприемачи) кубури со работници. Се чекаат работници од Непал, Филипини! Плус се произведуваат политички проблеми од оваа тема … требало или не – мигранти или економски работници! Па нашите се иселија … нема работници, нема нови фирми, а и старите ке затвораат или ке се селат во други држави … Нема фирми нема даноци во Буџетот. Дупката во Буџетот секоја година ке расте … Многу е просто.

Ги слуша ли некој прептриемачите?

Еве и друг проблем. Во последно време, се вели дека претприемачите не треба да ги зголемуваат цените оти така ја зголемувале инфлацијата!? Богати … Оваа теза е дефектна – еве зошто! Како тоа како град, како држава можете да ги зголемите цените на некои од вашите услуги – четири, пет пати повеќе, практично колку што сакате, затоа што сте вработиле многу луге во државата.

А никој не прашува колку зголемувањето на цените на услуги, следствено и платите на вработените во јавниот сектор и тоа придонесува за инфлацијата? Прептриемачите со години плачат кај властите. Дека има високи даноци, високи придонеси кон државата, други скандалозно високи давачки по многу основи.

Оттука, пораката е намалете ја државата, прескапа е, преголема е за земја како Македонија. Оставете простор за претприемништво.

Во Македонија јавниот и државниот сектор постојано се зголемува, затоа што тоа е практично партиска армија на вработени. Ако нахраните голем број луѓе, сите ќе одат на избори и вие ќе победите на тој начин. Примитивно.

Ова е основниот проблем на Македонија. За жал за една нација, една држава, тоа не е баш надежно. Што правиме со фактот што мора да имате силна економија за да може БДП (Бруто домашниот производ) да расте, но да расте на нормален начин. Од каде? Фондовите се празнат, како што се празнат акомулациите и македонските езера …

Оттука, вистинското прашање е – каква е структурата на македонската економија?

Од десет најбарани професии во Македонија од страна на компаниите, само една професија бара високо образование. Дали мислите дека некој размислува за тоа? Поставува ли некој прашање за тоа со каква структура на образованието располага ова општество и економија. Секако дека сите професии се важни и вредни, но постои, додадената вредност. Која е таа професија, анализира ли некој, мери ли некој, реформира ли некој овде на оваа тема?

Во Македонија нема јавна дебата за овие прашања. Гледате … како универзитетска диплома повеќе не е потребна. Тоа ви кажува нешто?

Веројатно значи дека многу универзитети образуваат студенти во Македонија кои се едноставно непотребни. И ако има многу такви студенти (обични), а многу малку инженери, тогаш каква иднина можете да очекувате. А и да произведете инженери низ образовниот процес, ако нема претприемачки инвестиции и цели компании, каде ќе се вработат во кои фабрики!? И затоа тие ке бараат политичка партија и држава по една линија, а по втора линија после завршувањето на студиите се исселуваат! Македонија неповратно ги губи своите највредни потенцијали затоа што не отвора простор за многу нови можности и развој на приватната иницијатива и претприемаштвото. Се негува сеуште менталитетот дека приватните инвеститори и претприемачи се половината криминалци.

Корупцијата, исселувањето и потребата по работници овде!?

Како сега оваа состојба може да биде причина за раст на корупцијата? Кога ќе дипломирате на универзитет со диплома со која не можете да се вработите во реалниот (приватниот) сектор, тогаш што друго ви останува освен, на пример, да се обидете да се вработите во јавниот и државниот сектор, каде што, да речеме, многу често не е потребна голема компетентност. Тука се раѓа корупцијата!

Од друга страна, македонските граѓани кои се исселуваат во најголем број велат дека корупцијата е една од најважните причини зошто емигрираат. Факт е дека неколку стотици илјади луѓе, а тоа се најмладите, највиталните, емигрирале од Македонија. Забележливо е на македонските улици отсуство на овој дел од популацијата.

Овде всушност е рај за пензионерите и вработените во јавниот сектор.

Ако вашите работници си одат јасно е дека барате работници. Значи, не е дека нашите работодавци бараат Непалци, Филипинци, затоа што се поевтини. Нормално, секој што е претприемач сака да плати што е можно помалку. Но, Непалци и Филипинци, кога доаѓаат, вие ги плаќате сите трошоци, а тие потоа го чекаат првиот момент да се преселат во Германија или Австрија. А го имате и моделот, на пример, на Обединетите Арапски Емирати, каде што бројот на работници што доаѓаат од странство е далеку поголем од бројот на жители.

Оттука, прашањето е кој модел е пооптимален за Македонија?

Што ќе се избере во блиската иднина на тема решавање на проблемот со недостиг на работна сила …! Мојата проценка е дека еден период ке се потпираме претежно на странска работна сила! А размислуваме ли за сите аспекти на тој модел!? Тој модел ке не задеси утре … Ке не удри во глава! Еве едно навидум банално прашање во овој момент – Што ке биде со хомогенизацијата и интеграцијата внатре во Македонија на разните имигранти? Тој модел на интеграција, всушност, не зависи само од нас. Тоа ке се наметне како голема тема. Оти може, на пример, да доведе до многу десничарски движења, да не речеме дека може да доведе и до фашизам.

Кога ќе ја погледнете, да речеме, Данска, социјалдемократите што го воведуваа овој модел, би помислиле дека се „слонови на интернационализмот„. Сепак, тие, како реакција, веќе сега добија премиер кој е исклучително антиимигрантски, што е малку чудно за нордиските социјалдемократи, и тие покажуваат приказна за нетолеранција кон имигрантите.

Пак за приватниот сектор и прептриемништвото!

Се наметнува мислењето дека приватниот сектор дефинитивно заостанува со платите во однос на јавниот сектор. И сега се поставува клучното прашање, а тоа е дали платите во приватниот сектор се навистина мали, или платите во јавниот сектор се нереално високи во смисла на тоа дека работниците таму имаат многу мала продуктивност.

Друго прашање е што е со пазарната економија? Функционира ли таа на пазарот на работна сила. Сите оние кои мислат дека во приватниот сектор платите се мали се  судираат со одговорот на храбрите претприемачи кои велат – самиот ти создади компанија па види што со платите. Основај компанија во која ќе вработуваш луѓе кои земаат 2-3 илјади евра па да видиме колку има смисла таа концепција. Ако создадете компанија со такви плати таа би пропаднала многу брзо. Нормално, постои можност да се создаде компанија и да се плати добро, под услов, да речеме, да сте корумпирани и едноставно, преку јавни набавки, на пример, да можете да договорите работа. Но, тоа е работа практично каде што нема конкуренција, каде што нема пазар.

Кога огромно ги зголемувате платите, на пример, во јавниот и државниот сектор тие работни места стануваат исклучително привлечни. Поголема сигурност, а платите се повисоки …!?! Малку е нелогично нели?

Во економската логика, кога гледате на пример акции за инвестирање, каде што ризикот е поголем, профитот мора да биде поголем. Бидејќи едноставно кажано, кој би влегол во нешто ризично? Дали гледате знаци дека таквата политика овде во Македонија се менува? Не.

Во развиените земји, каде нештата се поставени на свое место, во јавниот сектор платите се пониски. Приватниот сектор заработува повеќе. Поризично е за некого кој работи на повисоко ниво во приватна компанија. Таму каде што има помалку корупција, како што се нордиските земји на пример таму се бара континуирана посветеност, многу работа, визија и креација! Тоа е поврзано со вештини и големо количество на знаење, како и постоење на вистинска структура на економија во која работат илјадници компании на кои им требаат разни професии.

Во скандинавските земји дури и левичарите и десничарите, кога се на власт, се свесни дека таму каде што ризикот е поголем, платите мора да бидат повисоки. На пример, токму тоа е случај во Шведска.

Од друга страна, според македонските влади, која како се редат на „Илинденска бб„ – БДП (Бруто домашниот производ) расте. Пораките се дека луѓето живеат многу добро. Но, на улиците тоа не е така. Во исто време има голема нееднаквост во Македонија. Повеќе од половината од луѓето заработуваат помалку од медијаната. Природно е да постои медијана и токму тоа е просекот. Медијаната е проектираната плата што ја имаат 50% од Македонците кои се вработени. А таа е многу мала. Владите не се справуваат со оваа нееднаквост што се случува во општеството.

На пример, Словенија има граѓани кои се помалку изложени на ризик од сиромаштија отколку Македонија и тоа е повторно прашање на политиката. Ова е поврзано и со самата корупција, бидејќи корупцијата е, на некој начин, само уште еден збор за ефикасноста на општеството. Колку и дали е ефикасно македонското општество да се бори со корупцијата? Кога имате доволно ефикасен систем, тогаш тој сигурно мора да биде успешен систем. Ако системот е корумпиран, тогаш е неефикасен и потоа добивате нееднаквост, и миграција, и сè што е, во принцип, негативно. Македонскиот систем дефинитивно е длабоко корумпиран. Реформите се премногу бавни.

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ