Андреј Јовановиќ, човекот кој го продаде Bambi за 260 милиони евра на Coca Cola, денеска во Скопје доби специјално признание од Стопанската комора на Македонија
Објавено на од во Економија

Јовановиќ, кој е еден од најбогатите бизнисмени во Србија и регионот, очигледно знае како успешно и скапо да ги продаде бизнисите кои ги управува на големи мултинационални компании. Фирмата која ја основал во 1995 година Марбо Продукт, во 2008 година беше преземена од PepsiCo за 200 милиони евра.

Andrej-Jovanović-1
Андреј Јовановиќ, генералниот директор на холдинг компанијата “Мои брендови” денеска беше гостин во Скопје и доби специјално признание од Стопанската комора на Македонија за унапредување на регионалната соработка и работењето на Коморскиот инвестициски форум.

Холдинг компанијата „Мои Брендови” со која раководи Јовановиќ, е во сопственост на инвестицискиот фонд “Mit Europa partners”, еден од најголемите фондови во Источна и Централна Европа, кој денес објави дека ја продал водечката српска кондиторска компанија “Бамби” за 260 милиони евра на мултинационалната компанија Coca Cola HBC.
Ова е едно од најголемите преземања во прехранбената  индустрија на Балканот, со оглед на фактот што Coca Cola со купувањето на Бамби значително го шири својот асортиман и бизнис во регионот. Бамби годишно прави приходи од 80 милиони евра, а брендот има силно присуство и продажби во речиси сите земји од поранешна Југославија.

Но, очигледно Јовановиќ, кој е еден од најбогатите бизнисмени во Србија и регионот, знае како успешно и скапо да ги продаде бизнисите кои ги управува на големи мултинационални компании.

Имено, Јовановиќ ја започнал својата кариера со основањето на „Марбо продукт” во 1995 година со лансирање на брендот на чипсови Chipsy. Во 2008 година компанијата “Марбо Продукт” беше преземена од мултинационалната компанија „PepsiCo”, како лидер на пазарот за чипсови во Србија, за сума од 200 милиони евра.

Сегашната компанија со која раководи Јовановиќ, “Мои Брендови”, освен “Бамби”, ги обединува брендовите брендовите „Имлек”, „Бамби” и „Књаз Милош”. Исто така, Mid Eurpa Partners е сопственик и на македонската Битолска Млекара, Нишка млекара, Млекопродукт.
Andrej Jovanovik

Андреј Јовановиќ е исто така член на Управниот одбор на Стопанската комора на Србија, а во изминатите години има реализирано многу активности во областа на градежништвото, банкарството и во областа на угостителството и туризмот. Специјалното признание кое го доби денес по повод прославувањето на јубилејот 97 години постоење на Стопанската комора на Македонија е за неговото дејствување и голем придонес за унапредување на регионалната економска соработка во регионот на Западен Балкан.

Покрај Јовановиќ, специјално признание за унапредување на регионалната економска соработка и работењето на коморскиот инвестициски форум добија и Марко Чадеж, претседател на Коморскиот инвестициски форум и Сафет Ѓергалиу, генерален секретар на Коморскиот инвестиционен форум.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×