Анджеј Дуда – новиот полски Орбан?!
Објавено на од во Политика
Политичката ориентација на новиот полски претседател, Анджеј Дуда, за Европа и Русија е знак дека Полска се врти кон национализам и евроскептицизам

Победата на речиси непознатиот конзервативец, Анджеј Дуда, на полските претседателски избори, најверојатно ќе донесе низа промени во надворешната политика на земјата.

Европската Унија не гледа со ентузијазам кон новоизбраниот претседател на Полска, бидејќи смета дека тој како близок соработник со покојниот Лех Качински, ќе ја насочи земјата кон националистички, радикални и авторитарни ставови, за кои се вели дека се продолжена рака на евроскептицизмот.

Аналитичарите тврдат дека по победата на Дуда, ќе дојде до заладување на односите со Берлин и Москва, а главната улога ќе ја има поранешниот премиер и лидер на конзервативната партија „Право и правда“, Јарослав Качински.

Германија веќе изрази загриженост, бидејќи според предизборните ветувања на Дуда, Европа ќе добие уште еден Виктор Орбан. Конзервативната партија не е воопшто насочена кон унапредување на односите со Брисел, туку смета дека приоритет на владата во Варшава треба да бидат националните интереси.

Според „Дојче Веле“, победата на Дуда може да го промени односот на Полска кон Европската Унија и да го загрози нејзиниот влез во еврозоната. Исто така, тој се залга за враќање на дел од надлежностите кон националните држави за сметка на ЕУ, а според овластувањата кои ги има претседателот, Дуда ќе има моќ да го именува шефот на Полската народна банка, да биде врховен командант на оружените сили, да ја координира надворешната политика и да става вето на законите.

Единствената разлика помеѓу Орбан и Дуда се на меѓународен план, бидејќи Полска ќе се залага за агресивна политика спрема Русија и евентуална испорака на помош и воена сила на Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×