Ангелески: Потребни се даночни олеснувања кај фирмите кои инвестираат
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Трајан Ангелески, директор на Ариљеметал

Angeleski-WEB (2)

Најголемата опасност за следната година е намалувањето на ликвидноста на фирмите, како резултат на изборите кои треба да се спроведат во април  при што доаѓа до застој на плаќањето од државата кон компаниите.

 

Во 2016 година очекуваме натамошен раст на прометот, како и зголемување на нашиот удел во вкупниот промет со сврзувачки елементи и останати машински делови  на ниво на Македонија. За следната година планираме зголемување на извозот на нашите готови производи на пазарот на ЕУ за најмалку 50%.
Најголемата опасност за следната година е намалувањето на ликвидноста на фирмите, како резултат на изборите кои треба да се спроведат во април  при што доаѓа до застој на плаќањето од државата кон компаниите, во ситуација кога таа е најголем инвеститор преку бројните инфраструктурни проекти кои се работат.

За да се подобрат условите за бизнис неопходно е да се направат даночни олеснувања кај фирмите кои инвестираат. Не смее рефинансирана добивка да се оданочува. Треба да се размислува за некои производи од индустријата да се доделат субвенции за извоз, затоа што како мал пазар трошиме мали количини на репроматеријали и со самото тоа имаме повисоки влезни цени. Впрочем, ако може да има субвенции во земјоделството зошто да нема и во компаниите од индустријата кои се извозно ориентирани.

Ќе продолжиме со инвестирање во нова најсовремена опрема како и во изградба на нови производни капацитети. Исто така продолжуваме со прием на нови високообразовани стручни кадри, како и дообука на постоечките преку посета на семинари и курсеви кај специјализирани компании. Исто така, во план е отварање на обучен центар во рамките на Ариљеметал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×