Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на економскиот дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан
Објавено на од во Економија
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска, во седиштето на Советот на Европската Унија во Брисел учествуваат на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција.
tevdovski-bezovska-e1555055258978Настанот секоја година се одржува во рамки на разгледувањето на Програмата за економски реформи на земјите кандидатки за членство во ЕУ. Тој претставува завршен состанок за годишно оценување на макроекономските политики и структурните приоритети, на кој од една страна учествуваат претставниците на земјите членки на ЕУ, Европската комисија и Европската централна банка, а од друга страна претставниците од централните банки и надлежните министерства од земјите на Западен Балкан и Турција.
На годинешниот Дијалог ќе бидат презентирани оцените на земјите за исполнувањето на насоките на ЕУ дадени минатата година во однос на Програмата за економски реформи. Се очекува учесниците на настанот да ги усвојат заедничките заклучоци од годинешниот циклус на разгледување на Програмата.
Предвидено е во рамки на настанот да се одржи и тематска дискусија за структурните реформи што ќе ги спроведуваат земјите кандидатки за членство во ЕУ, со цел привлекување повеќе странски директни инвестиции и зацврстување на своите економии. Министерот за финансии и гувернерката ќе имаат обраќања и ќе учествуваат во дискусијата. Гувернерката ќе с осврне на придонесот на централната банка во овој домен кај нас, како преку одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, така и преку вклученоста во реформите во финансиската сфера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×