Ангеловска го презеде управувањето со Министерството за финансии
Објавено на од во Економија
Новата министерка за финансии Нина Ангеловска денеска го презема управувањето со Министерството за финансии.
ministervo-za-finansii-1 (1)Министерката оствари средба со заменик министерката за финансии Ширет Елези и државниот секретар Јулијана Петановска, на која се дискутирани тековните активности на Министерството за финансии.
Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“ – компанија за е-трговија. Ангеловска докторирала менаџмент на Економскиот факултет во Скопје. Има бројни домашни и странски признанија. Германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во листата на 100 успешни жени основачи  на старт-апи, а магазинот „Forbes“ ја наградува со признанието „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и Е-трговија. Во 2017 година Ангеловска иницира основање на првата Асоцијација за е-трговија и станува нејзин претседател. Од 2018 година Ангеловска е член на УО на Европската аоцијација за Е-трговија ЕМОТА. Во 2019 таа станува и член на УО на Стопанската комора на Македонија.
Ангеловска во интервју за МИА истакна дека ќе се вложува во проектишто ќе донесат економски раст и ќе ја намалат невработеноста. Таа посочи дека Министерството го очекува амбициозна агенда и реформи, како мерката за стимулирање раст на платите, што е предвидена со претстојаниот ребаланс на буџетот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×