Ангеловска со три сценарија околу „дупката“ во буџетот: од 700 милиони до 1,3 милијарди евра
Објавено на од во Економија
Државава до мај ги очекува парите од ММФ, Светска банка, итн. 
Нина Ангеловска
Три можни сценарија околу последиците по буџетот на Македонија образложи денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
„Кај првото сценарио, поволното - предвиден е пад од 20% на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за околу 700 милиони евра – односно тоа значи дека за исто толку би се зголемил дефицитот и потребите за финансирање.
Кај второто сценарио, неповолното, падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30% со што  потребите би се зголемиле за околу 1 милијарда евра.  И кај третото, најнеповолното доколку приходите паднат 40%, дополнителните потреби би биле околу 1.3 милијарди евра.“, објасни Ангеловска.
Министерката додаде дека за секое од овие сценарија се подготвуваат и сценарија за финансирање.
„Како што информиравме во тек е постапка за обезбедување на средства од Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и инструментот премостување до обврзница. Постапките се во тек и се очекува до мај да ги обезбедиме овие средства.“
Ангеловска на пресот забележа и дека изминатите неколку дена се поставувало  прашањето, „како тоа се зборува за помала наплата на приходи и обезбедување на ликвидност на буџетот, ако претходно се давале изјави дека буџетот е ликвиден и е во добра кондиција, дека имаме добра наплата на давачките. “
„Со цел да се информира точно јавноста, мора да истакнам дека буџетот е план за наплата на приходи и согласно тоа исплата на расходи.
Реализацијата на буџетот годинава започна добро. Економската активност бележеше раст и првите два месеци имавме одлична реализација согласно проекциите, како што и транспарентно и отворено ја информиравме јавноста. Важно е да се истакне дека буџетот или државната каса не е ‘куп пари’ кои ги имаме на почеток на годината, па се распределуваат, туку буџетот е проекција за како ќе се полни државната каса (приходите) и соодветно како ќе се трошат собраните средства (расходите). Ликвидноста на буџетот метафорично може да ја споредиме со проток на вода во една цевка – првите два месеци млазот беше силен, со силен интензитет се полнеше државната каса, а согласно тоа се извршуваа и планираните расходи. Оттука, првите два месеци ликвидноста беше одлична, како и на почетокот на месец март.
Наплатата на вкупните приходи во јануари беше за 4,6% и февруари за 4% беше за повисока во однос на минатата година, од кои во јануари порастот на даноците и придонесите е 10.7%, додека во февруари 6.1%. Овие резултати беа во рамки на проекциите за овие месеци. Позитивните движења продолжија во првата половина од март.
 Преземањето на мерките за заштита од ширење на Covid-19 и ставајќи го здравјето на граѓаните на прво место, делуваше на намалување на економската активност, што очекувано почна да се рефлектира на полнењето на буџетската каса.
Почнувајќи од 20 март, односно кога почнуваат да се чувствуваат ефектите од здравствените мерки преземени за спречување на ширење на корона вирусот, се забележува остар пад на даночните приходи од околу 25% на дневно. Ова доведе до пад на вкупните даночни приходи за месец март за 11% во однос на претходната година. Ова се должи на:
 -        Пад на наплата на ДДВ за месец март за 17%
-        Пад на акцизата за 11%
-        Пад на данокот на добивка за 11% и тоа со предвреме уплатена аконтација од општествено одговорни компании во контекст на помош за корона – кризата.“, објасни Ангеловска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×