Англиските обложувалници му даваат најголема шанса на Сити за следен шампион на Премиер лигата
Објавено на од во Економија
Man-City-New-Crest (1)

Многу се очекува од Манчестер Сити со новиот тренер Гвардиола

 

 

 

 

 

 

 

 

Сезоната 2016/2017 на англиската Премиер лига ќе почне точно за еден месец -  на 13 август  - но, и покрај тоа што минатата сезона Лестер ја освои титулата шокирајќи ја целата светска фудбалска јавност, тамошните букмејкери сепак играат на сигурно за тоа кој ќе го освои првенството овој пат.

Манчестер сити со 2 до 2,25, Манчестер Јунајтед со 3,33 – 3,5, и Арсенал со 6 добиени фунти за една вложена, се фаворитите за освојување на Премиер лигата според британските букмејкери. Челзи е на четвртото место на списокот на фаворити, и покрај минатата катастрофална сезона за нив, со 6,5 до 7 фунти добивка за една вложена, пред Тотенхем (8/1) и Ливерпул (9/1). Актуелниот првак Лестер овој пат е седми по веројатност за освојување на титулата, според букмејкерите, со однос 20/1.

Букмејкерите очигледно полагаат големи надежи во новите менаџери за оваа сезона – довчерашниот тренер на Баерн, Пеп Гвардиола сега ќе го предводи Сити, додека фановите на Јунајтед едвај чекаат “специјалниот“ Жозе Мурињо да ја почне сезоната во нивниот омилен клуб. Челзи исто така има нов менаџер, Италијанецот Антонио Конте, кој што штотуку заврши со селекторската функција на својата национална репрезентација.

Pogba-Chelsea-gossip-584530

Французинот Пол Погба, Јунајтед го даде за беспари пред 4 години, а сега сака да плати 120 милиони евра да го врати назад

 

 

 

 

 

 

 
Сите овие три клуба исто така, потрошија многу за засилувања. Јунајтед веќе ја купи шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, како и одбранбениот играч на Виљареал Ерик Бејли и напаѓачот на Борусија Дортмунд, Хенрик Мхитаријан. Набрзо, Јунајтед се очекува да го пробие рекордот за најскап трансфер во историјата, купувајќи го францускиот напаѓач Пол Погба, за кого што преговара со Јувентус. Сити, во меѓувреме, го купи Шпанецот Нолито и украинскиот напаѓач Олександр Зинченко.  Големо засилување за Челзи засега е белгискиот репрезентативец Мичу Батчуаи, за кого што водеше остра борба со Тотенхем, Вест Хем и Критал Палас. Огромниот буџет на Челзи веројатно ќе овозможи  и други големи трансфери допрва.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×