Анѓушев: До крајот на мандатот просечната плата ќе биде 30.000 денари
Објавено на од во Економија
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 25 270 денари и е за 3,1 отсто поголема од мај 2018 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Koco-Angjusev-vladaВаквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10.0 %), Градежништво (7.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.2 %).
Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.5 %), Градежништво (3.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3.6 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во мај била 37 520 денари.
Согласно динамиката на раст, просечната плата до крајот на мандатот ќе биде 30.000 денари, вели вицепремиерот Анѓушев откако Статистика објави дека за месец мај пораснала за 3,1 отсто.
Државата, според Анѓушев, ќе продолжи да го стимулира стопанството да ги зболемува платите за да работниците да бидат задоволни. Со тоа ќе се намали и иселувањето на младите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×