Анѓушев: Годинава над 60 милиони евра државни средства за економијата
Објавено на од во Економија
Можностите за финансиска поддршка, посочи, се промовираат на сите средби со стопанствениците.
кочо-анѓушевМалите и средни претпријатија  имаат централно внимание во економската програма на Владата, преку две можности, Законот за финансиска поддршка и Фондот за иновации и трехнолошки развој, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Гевгелија.
Посочувајќи дека и во Гевгелија има добар пример на компанија која добила средства преку владиниот План за економски раст и веќе спроведува проект, апелираше да се аплицира за финансиска поддршка, којашто годинава е зголемена за 47 проценти во однос на минатата година.
„Ги охрабрувам сите да аплицират бидејќи годинава државата има детерминирано 47 проценти повеќе пари во однос на лани. Оваа година има над 60 милиони евра државни средства за економијата, воглавно за малите и средни претпријатија. Тука има голема можност, ги охрабрувам сите нив да се запознаат со програмите“,  рече Анѓушев.
„Првпат по транзицијата има можност за директна помош од државата“, потенцираше вицепремиерот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×