Анѓушев: Намалените 50 милиони евра од капиталните инвестиции ќе се инвестираат во човечки капитал
Објавено на од во Економија
Намалените 50 милиони евра од капиталните инвестиции со ребалансот на Буџетот, ќе бидат инвестирани во човечки капитал, во обезбедување соодветна работна сила, кадар што му недостига на македонскиот пазар на труд, соопшти денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.
коцо заев владаОдговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за капитални инвестиции преку Програмата за рурален развој, Анѓушев потенцира дека економија може да има со машини и хали, но не и без луѓе.
„Токму тоа се обидуваме со пренамената на средствата во Буџетот, да го решиме проблемот со недостиг на потребниот кадар, инженерски и за директно производство. Овој проблем ќе станува се поизразен и ќе биде лимитирачки фактор, а нашата економија треба да биде конкурентна. Но, како ќе биде конкурентна ако нема нови технологии и луѓе кои ќе знаат да управуваат со нив? Сепак, не е доволно само да имате обучен кадар, туку и високи плати кои ќе им овозможат достинствен живот на тие луѓе. Тоа е нашата цел, тоа да го оебзбедиме“, објасни вицепремиерот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×