Анѓушев очекува во 2019 година економските параметри да бидат најголеми во последните 15 години
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Очекувам во 2019 година економските параметри да бидат најголеми во последните 15 години, како и во третиот и четвртиот квартал да продолжи растот што почна во претходни квартали, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на панелот „Патот кон просперитет“ на Самитот за Западен Балкан што денеска се одржува во Скопје во организација на „Економист“.
Samit-za-Zapaden-Balkan-Ekonomist-7-660x330Тој нагласи дека во 2018 година во земјава имаше 700 милиони долари директни странски инвестиции или повеќе од 6,5 проценти од брутодомашниот производ.
„Ако во октомври се слушнат добри информации верувам дека странските директни инвестиции ќе бидат уште поголеми отколку во 2018 година кога имаше рекордно ниво на вакви инвестиции во досегашната историја на земјата“, рече Анѓушев.
Нагласи дека во моментов се преговара со компании од развиениот технолошки свет за инвестиции во земјава и додаде дека ако се помине добро е можно да се привлечат над 100 милиони евра нови инвестиции.
Посочи дека земјава станува атрактивна за странски директни инвестиции и е поконкурентна на ова поле во споредба со останатите земји од Западен Балкан.
Според Анѓушев, клучно е во наредниот период да се смени образовниот систем во земјава кој треба да продуцира кадри што ќе бидат употребливи за стопанството и додаде дека клучно за земјава ќе биде да се зголеми соработката на странските инвеститори со домашните компании. Како добар пример за успешна странска инвестиција ја истакна „Герешајнер“ која во моментов ги завршува градежните активности на нивниот објект за производство на амбалажа за фармацевтската индустрија и веќе објави оглас за вработување на лица со почетна плата од 700 евра, а за инженерите и над илјада евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×