Анѓушев од Лондон: Северна Македонија е атрактивна дестинација за инвеститори
Објавено на од во Економија
Република Северна Македонија е атрактивна дестинација за инвеститори, а има и огромни можности за соработка со домашни компании, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на интерактивната сесија на инвестицискиот форум што се одржува во Лондон во организација на „Фајненшел Тајмс“ и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), каде зборуваше за економските политики на Владата, за мерките за привлекување на нови инвестиции, како и за зголемување на регионалната економска соработка. На форумот учествуваше и премиерот Зоран Заев.
ангјусев лундон„За успех на бизнисите во која било држава потребни се многу предуслови, но веројатно два се најважни: стабилност, од политичка гледна точка и постоењето на владеење на правото во државата. Тие два предуслови се важни за каква било инвестиција, дали домашна или странска. Сметам дека ние, како Северна Македонија, направивме многу во оваа насока, бидејќи не знам што би било подобро за стабилноста на земјата од тоа да ја внесеме земјата во НАТО и Европската унија. НАТО е речиси затворена приказна, ние чекаме на конечните одлуки од процесот на ратификација во преостанатите парламенти, но сметам дека тоа ќе се случи до крај на годинава. Мислам дека ги презедовме клучните чекори да ја донесеме земјата во стабилна зона и ги исполнивме двата најбитни предуслови за бизнис“, потенцираше Анѓушев.
Вицепремиерот нагласи дека Владата активно работи на привлекување на реномирани странски инвеститори, а мерките од Планот за економски раст даваат позитивни резултати, со рекордно ниво на странски директни инвестиции од 624 милиони евра и околу 20 нови странски компании кои реализираат инвестициски проекти во земјата.
„Компаниите имаат можност да потпишат договор за долгогодишен закуп на земјиште во технолошко индустриските развојни зони, по релативни ниски цени, во кои се вклучени и изградба и уредување на инфраструктура, поврзување со електроенергетскиот систем, снабдување со вода и гас и други потребни услуги, а во слободните економски зони добиваат и ослободување од даноци во период од 10 години. Покрај сето ова, тука е и повратот на инвестиции и поддршка за центри за истражување и развој. Задоволни сме бидејќи привлековме повеќе од 20 компании од развиениот свет: од САД, Канада, Германија, Швајцарија и други земји. Дваесет компании во изминатата година и пол кои веќе градат фабрики во овие зони. Тоа се резултатите кои ги спомена премиерот Заев, ова објаснува како дојдовме до новите рекорди во полето на странски директни инвестиции, намалување на невработеноста, зголемување на БДП во земјата. Сметам дека на ова поле перспективите се огромни“, појасни Анѓушев.
За подобрување на регионалната економска соработка, подвлече, потребно е да се работи на изградба на квалитетна патна, железничка и енергетска инфраструктура, а Владата на Република Северна Македонија спроведува низа активности во оваа насока.
„Инфраструктурата е битен предуслов за бизнисот и во моментов работиме многу на тоа поле. Имаме повеќе од една милијарда евра во отворени проекти за патишта на кои работат домашни и странски компании. Ова е особено важно зашто поврзаноста со соседите е навистина битна. Задоволство ми е што можам да кажам дека имам 100 отсто завршен автопат во насоката север – југ односно Коридор 10 и во овој момент работиме на тоа да го завршиме поврзувањето во насока исток – запад односно со Бугарија и Албанија. Тука се и експресните патишта чија изградба е во тек, како и железницата до Бугарија. Со Албанија го имаме и делот на автопатот од Кичево до Охрид што значи дека ќе има квалитетно патно поврзување од Скопје до Охрид, а Охрид е на 10 км од границата со Албанија. Кога станува збор за инфраструктурата, можам да кажам дека Северна Македонија, ќе биде на ниво на секоја друга европска држава за неколку години“, посочи Анѓушев.
Вицепремиерот презентираше дека потенцијалот за соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство е голем, а компаниите од двете земји имаат многу можности да ја зголемат меѓусебната соработка.
„Доколку сакате да бидете инвеститор во Северна Македонија, имате модел кој споредбено со регионот, нуди најмногу поддршка. Ако сакате да најдете производи и да соработувате со компании од Северна Македонија, може да најдете многу квалитетни компании и често ова знам да го кажам, компании со европски квалитет, а ниски цени. Сметам дека ова е важно да се напомене. Токму поради тоа сметам дека минатата година го зголемивме нашиот извоз за 15 проценти годишно“, подвлече вицепремиерот.
Анѓушев се осврна и на реформите во енергетскиот сектор, како и на можностите кои се отвораат со донесување на новиот Закон за енергетика, усогласен со европските регулативи и директиви.
„Минатата година, во мај, усвоивме нов Закон за енергетика со кој ги отворивме вратите за обновливи извори на енергија, отворивме простор за фотоволтаици до 300 мегавати што за нашата мала држава и систем е навистина голема бројка. Исто така, зборуваме за ветерници, електрани на био-гас и био-маса и затоа сите инвеститори се добредојдени да ги истражат овие можности. Што се однесува до фотоволтаиците, нудиме модели со премија, за ветерници и био-гас нудиме фидин тарифи. Тоа значи дека нудиме голема поддршка и сакаме да постигнеме највисоки нивоа на инсталиран енергетски капацитет во обновливи извори. Во моментов немаме повеќе од 150 мегавати инсталиран капацитет и се надевам дека ќе успееме да ја зголемиме оваа цифра за трипати во следниве пет години. Затоа, сметам дека ова е вистинско време да се дојде во Северна Македонија, да се истражат можностите за бизнис, без разлика во која насока, дали како инвеститор или како купувач на производи, но и да се разгледаат можностите за инвестирање во енергетскиот сектор“, додаде Анѓушев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×