Анѓушев: Поддршка за странските инвеститори зависно од соработката со домашни фирми
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Странските инвеститори во Македонија биле финансирани со 10 до 50% од државниот Буџет, некои добивале пари и за секое работно место, но нивната соработка со домашните компании била нула до 1%, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Во обраќањето на Годишното собрание на Европската бизнис асоцијација, Анѓушев порача дека ваквата пракса ќе се смени. Владата ќе продолжи да ги поддржува странските инвеститори, но зависно од нивната интеракција со македонското стопанство.

„Ако ги растете само странските инвестиции, а не и македонската економија, тој модел не може да биде издржлив на долг рок. Сите странски инвеститори треба да бидат максимално заштитени, да се чувствуваат и да работат комфорно. Сите се добредојдени, но битна е многу интеракцијата меѓу нив и македонското стопанство“, подвлече Анѓушев, додавајќи дека критериумите мора да се изедначат.

Осврнувајќи се на останатите политики во економската сферата, вицепремиерот потенцира дека Владата нема да се меша во бизнисот и да биде работодавач, туку ќе креира поволни деловни услови со цел раст на компаниите и што поголема извозна ориентираност.

„Ќе ги поддржиме сите компании кои ќе бидат извозно ориентирани. Државата нема да се меша во бизнисот, туку ќе создава услови и капитални инвестиции, одржливи на подолг рок: патишта, гасоводна мрежа, далекуводи, инфраструктурно поврзување,… Тоа ќе биде приоритет, само тука Владата ќе биде работодавач и на ниту едно друго место“, напомена Анѓушев.

На македонските компании, рече, им се на располагање средствата од ИПА-фондовите во рамки на кои постои значителен корпус мерки што Владата ќе помогне да бидат достапни, за реалните потреби на индустријата, за купување машини, а не за консултантски услуги.

„Наидов на програми според кои од 20 милиони евра, три милиони биле искористени за консултантски услуги. Ќе ја смениме ваквата клима, мора средствата да дојдат до стопанството“, порача Анѓушев.

Тој укажа и на потребата од ревидирање на невработеноста и на промена на образовниот систем.

Пред присутните на Годишното собрание на Европската бизнис асоцијација, се обрати и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×