Анѓушев: Потребно е да се поддржи извозот
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Кочо Анѓушев, претседател на Феро инвест

Angusev-01

Потребно да се поддржи извозот, пред се преку осигурување на наплатата. Тоа ќе ги направи македонските компании рамноправни со компаниите од другите земји во регионот, кои ја имаат таквата поддршка.

 

Со оглед на тоа што моите компании се активни во три различни дејности, не може да се генерализира состојбата за сите области. Затоа ќе Ви одговорам за секоја област поодделно.

Во делот на металната индустрија БРАКО ја градеше стратегијата да биде доминантно извозна компанија и да има соработка со стабилни партнери во што е можно повеќе држави. БРАКО извезува во 21 држава со што ризикот е значително дисперзиран, па од тука очекуваме дека и следната година ќе биде стабилна. Се надеваме на две нови соработки со нови партнери, што би требало да придонесе за зголемувањето на прометот и следната година, исто како и во 2015 година, во која БРАКО оствари зголемен промет од 12%.

Во делот на малите електрани, очекуваме да го отпочнеме градењето на четири нови проекти, но тие ќе бидат завршени во 2017 година.

Во делот на снабдувањето со електрична енергија очекуваме зголемување на бројот на клиенти во Македонија, но исто така и во другите држави каде ЕДС работи. Тука ризик фактор е намалувањето на цените на металите на светските берзи, што може да предизвика намалена активност на металуршките компании, а со самото тоа и намалување на конзумот на електрична енергија.
Затоа како најголем ризик фактор за работењето во 2016 година ги гледам цените на металите, како и падот на останатите цени.

Во однос на очекувањата за 2016 година од економската политика, ценам дека е потребно да се поддржи извозот, пред се преку осигурување на наплатата преку Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) или некоја слична институција или банка. Тоа ќе ги направи македонските компании рамноправни со компаниите од другите земји во регионот, кои ја имаат таквата поддршка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×