Анѓушев: Само последниов месец капиталните инвестиции пораснаа за 10%
Објавено на од во Економија

Не е точно дека капиталните инвестиции се реализирани само 20 отсто во провто полугодие од годината, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

zaev-angusevОдговорајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката за акумулатори „ТАБ МАК“ во Пробиштип, Анѓушев напомена дека очекува до крајот на годината капиталните инвестиции да имаат добра реализација и да бидат барем во просекот од последните 10-15 години.

„Ние сме на нив посветени, тендерските постапки се во еден добар дел завршени. Очекувам во следниот дел од годината интензивно да се реализираат“, истакна Анѓушев, според кој, само последниов месец капиталните инвестиции пораснале за 10 отсто.

Вицепремиерот ја посети „ТАБ МАК“ заедно со премиерот Зоран Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×