Анѓушев: Успешноста на економијата се мери по цел сет параметри
Објавено на од во Економија
Оценката на економската успешност е комплес на бројки што треба да се гледаат интегрално. Успешноста не се мери само по еден параметар, туку по цел сет параметри и затоа очекувам 2019 година да биде најуспешна во последните 15 години и да има раст над 3,5 проценти и поголем, при „0“ задолжување од државата или многу мало задолжување, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Koco-Angjusev-vlada-696x371-768x409-730x409„Кога зборваме за економски резултати на една држава тое не е само една бројка и само БДП, туку е сет на повеќе резултати. Мораме да земеме предвид кога настанал БДП колку било здолжувањето, дали паднала невработеноста, дали пораснале платите и странските директни инвестиции. Кога ќе се земе сет на сите овие прашања заедно очекувам 2019 година да биде најуспешна во последните 15 години“,  изјави Анѓушев во одговор на прашање пред почетокот на денешната тркалезна маса „Идната улога на пазарите на капитал во мали и отворени економии“, организирана од Комисијата за хартии од вредност и Македонската  берза.
Тој посочи дека ќе продолжат да растат платите, ќе расте индустриското производство, а до крајот на годината ќе бидат подобри и државните и директните странски инвестици и ќе растат сите останати економски параметри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×