Анѓушев за Телма: Платите растат и овој тренд ќе продолжи и понатаму
Објавено на од во Економија
Не постои волшебен начин да платите и стандардот во земјата, преку ноќ ги достигнат германските или швајцарските плати и стандард, но факт е дека платите континуирано растат во изминатите две години, посочи Вицепремиерот Анѓушев во интервју за телевизија Телма.
kocho„Просечната нето плата во рамките на една година има тренд на раст од околу 6%, а во исто време вработени се 50 илјади луѓе, во доминантен број во реалниот сектор. Доколку прашате било кој од тие нововработени луѓе дали им е пораснат стандардот, одговорот веројатно би бил позитивен. Најголем број на овие лица се вработени токму во домашните и странските приватни компании. Пазарот на трудот ќе го направи своето, покрај мерките на Владата, растот на платите да има позитивен тренд“, истакна Анѓушев.
Бруто инвестициите во земјата во првиот квартал на 2019 година, во однос на истиот квартал лани бележат пораст од околу 10%, што е показател дека економијата е поставена на стабилна основа и обезбедени се услови за економски раст и развој на земјата.
„Последните година дена, а особено во последните шест месеци создадовме реална економија, кадешто државата не е најголем работодавач и не ги генерира бројките во БДП, туку тоа го прави реалната економија, како во секое демократско општество. Во историјата на самостојноста на државата немаме подобри резултати во економијата. Резултатите во економијата се создадени од стопанството, а не од несуштински проекти на Владата, кои даваат брзи резултати, а создаваат долгорочни проблеми, како што беа проектите во минатото, кои креираа виртуелен градежен бум, а притоа државата значително се задолжуваше. Сега задолжувањето е стабилизирано, државата се задолжува само за враќање на стари долгови, но по поповолни камати, односно се прави рефинансирање на задолжувањата претходно направени“, потенцира Анѓушев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×