Анкара и Атина ќе побараат НАТО да го набљудува движењето на бегалците во Егејско море
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Анкара и Атина се сложиле да побараат мисија на НАТО да го набљудува движењето на бегалците во Егејското море и да се бори со криумчарите, соопшти Reuters повикувајќи се на извор од Германија. Турција и Грција заедно ќе побараат НАТО да им помага на безбедносните сили на брегот и на европската гранична агенција Frontex.

Денеска завршува дводневната средба на воените министри на Алијансата, пред која германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Ахмет Давутоглу објавија дека ќе побараат НАТО да се ангажира, за да ѝ помага на Европа за справувањето со бегалската криза.

„Очигледно е, како секогаш, дека се грижиме за нашите сириски браќа, и ќе ги примиме кога е тоа неопходно“, изјави Давутоглу по повод десетиците илјади бегалци кои чекаат на границата. И дополни дека од Турција која ги прима сите бегалци не треба да се очекува дека ќе го понесе целото бреме.

One thought on “Анкара и Атина ќе побараат НАТО да го набљудува движењето на бегалците во Егејско море

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×