Анкара: Одржете го ветувањето или ги пуштаме бегалците во Европа
Објавено на од во Профил

ERDOGAN-I-MERKEL-WEBНова криза во најава

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача дека Анкара нема да мора да го почитува договорот за емигрантите ако Европската унија (ЕУ) не го испочитува ветувањето и до јуни не воведе безвизен режим за турските граѓани. Претседателот, пак, на Европската комисија Жан Клод Јункер возврати дека Турција мора прво да ги исполни сите барања за патувања без визи во земјите членки на ЕУ.

“Овие ветувања се обострани. Ако ЕУ не ги преземе потребните чекори, би било незамисливо Турција тоа да го направи”, изјави Давутоглу.

Тој е дециден дека Турција ќе се повлече од договорот со ЕУ за емигрантите, ако Брисел не го одржи зборот.

Одговорот на ЕУ стигна многу брзо.

“Турција мора да ги исполни сите преостанати услови со цел Комисијата да може да го усвои предлогот во наредните месеци. Тие критериуми нема да бидат разводнети”, дециден е Јункер.

Нема попуштања

Во првиот извештај на Европската комисија за примена на Европската унија и Турција од 18 март за намалување на приливот на емигранти се наведува дека е остварен добар напредок, но потребни се повеќе ресурси и посветеност за да може да одржлив начин да се спроведува враќањето на емигрантите од Грција кон Турција, како и директниот трансфер на сириските бегалци од Турција во Европа.

“Европската комисија на 4 мај ќе го објави четвртиот извештај за напредокот на Турција на полето на визната либерализација и ако Турција не ги превземе неопходните мерки за да ги исполни и преостанатите критериуми, тогаш со Извештајот ќе биде објавен и официјален предлог Турција да се стави на листата на земји на чии граѓани не им е потребна виза во ЕУ”, се наведува во Извештајот на ЕК. Комисијата не наведе колку од 72 услови за визна либерализација Турција треба да ги исполни, но укажа на неколку подрачја на кој има уште многу работа.

Во извештајот се наведува дека меѓу проблематичните подрачја се застој во обработката за барања за азил, овозможување на законски пристап на пазарот на работна сила за сите бегалци, заострување на визните условите за земјите со висок ризик и крај на дискриминацијата против граѓаните на членката на ЕУ, Кипар.

Европската комисија исто така апелираше Турција да ја унапреди реадмисијата на граѓани со цел да може од 1 јуни Договорот на ЕУ и Турција за реадмисија да се почитува во целост.

За да стапи на сила, предлогот за воведување на безвизен режим за Турција треба да го одобри мнозинството на земјите членки на ЕУ и мнозинството на пратеници во Европскиот парламент. Овој предлог се смета за контроверзен во Германија и Франција, каде постои страв дека тоа ќе доведе до голем прилив на турски емигранти, иако воведувањето на безвизниот режим нема да им овозможи ниту работа, ниту престој подолг од три месеци во ЕУ.

Лидерите на Европската унија на самитот во Брисел кој се одржа на 18 март договорија заедничка позиција за планот за враќање на десетици илјади емигранти во Турција, што предвидува сите илегални емигранти кои на грчките острови доаѓаат од Турција да бидат вратени во оваа земја.

Планот има осум точки со кој треба да се стави крај на нерегуларната миграција од Турција во Унијата. Планот предвидува за секој вратен емигрант во Турција, ЕУ да прими по еден сириски бегалец кој ќе биде распореден меѓу државите на Унијата. Турција треба да ги преземе сите неопходни мерки за да спречи нови морски и копнени рути за нелегалните мигранти, а за целта ќе соработува и со околните земји. Откако ќе се запре или барем сведе на одржливо ниво илегалната миграција, ќе се активира „План за доброволен хуманитарен прием“, а земјите членки на ЕУ, според оваа шема, ќе даваат придонес на доброволна основа.

Одредени точки од договорот меѓу ЕУ и Турција се однесуваат на визната либерализација што ја бара Анкара, на отворањето поглавја во преговорите за членство во ЕУ,  како и на забрзување на исплата на три милијарди евра за Турција, за помош на бегалците, после што ќе бидат издвоени (од страна на ЕУ) нови три милијарди, до 2018 година.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека без разлика на договорената заедничка позиција на лидерите на ЕУ, преговорите со Турција нема да бидат лесни. Таа подвлече дека ЕУ мора да биде подготвена да почне брзо враќање на мигрантите од Грција во Турција за да се избегне „факторот привлекување“ пред новиот систем да стапи во сила.

Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×