Анкета: Грците се наклонети кон Русија – Путин го преферираат меѓу светските лидери
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Агенцијата „ПАМАК“ спроведе истражување чии резултати денеска ги објави електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“, за тоа дали Грците повеќе се наклонети кон Русија или кон Европа.

Податоците од истражувањето покажуваат дека поголемиот број од Грците се русофили, односно 57,5% имаат позитивно мислење за Русија, а дури 67% од испитаниците оценуваат дека рускиот претседател, Владимир Путин, добро ја извршува својата функција.

Учесниците не дале позитивно мислење за Путин само поради тоа што го симпатизираат, туку и бидејќи имаат доверба во него.

За германската канцеларка Ангела Меркел, 56% од испитаниците имаат негативно мислење, додека за американскиот претседател Доналд Трамп, дури 73% од нив.

На прашањето „на кого би му верувале најмногу како лидер во светските процеси“, Путин добил 41,5% од гласовите,  Меркел 27,5%, а Трамп само 5%.

Во однос на тоа кој најмногу ги штити интересите на Грција, испитаниците сметаат дека Путин посветува најголемо внимание на земјата (43,5% од испитаниците го делат тоа мислење), додека Меркел (со 29,5% од гласовите) и Трамп (20%) многу помалку.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×