Анкета ИРИ: Македонија оди во погрешен правец
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Дури 20% повеќе испитаници споредено со година порано сметаат дека Македонија е помалку стабилна држава. За 12 % пак е зголемен бројот на оние кои се убедени дека Македонија оди во погрешен правец, споредено со јануари оваа година, покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон, пренесува Гласот на Америка.

Во истата се заклучува дека политичката нестабилност во Македонија расте, а довербата во демократските институции опаѓа. Песимизмот околу политичката состојба, се чини дека е предизвикан од однесувањето на Владата во врска со скандалот со прислушувањето што беше разоткриен во 2015 година, велат изработувачите на истражувањето од ИРИ.

iri

64% од испитаниците изразиле неодобрување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на функционерите вмешани во овие превирања, а 63 % ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство што ги истражува случаите што произлегоа од овој скандал.

Претседателот на ИРИ, Марк Грин, резултатите ги гледа како „критичка потреба лидерите на Македонија да се фокусираат на реформи што одново ќе ја изградат јавната доверба во демократските институции на земјата“.

Инаку, анкетата опфатила 1.104 возрасни лица кои биле интервјуирани лице–в–лице.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×