Германска стопанска комора: Законот за минимална плата ќе ги одбива инвеститорите од Македонија
Објавено на од во Uncategorized

Анкета спроведена од Германската стопанска комора покажува противење на компаниите за носење на Закон за минимална плата.

patrik-martens-329932898932

Делегацијата на германското стопанство во Македонија (AHK), по спроведената анкета помеѓу македонски и странски компании кои вршат индустриско производство во Македонија смета дека новиот закон за минимална плата, ќе влијае негативно врз атрактивноста на Македонија, се вели во писменото соопштение испратено од Германската стопанска комора во Македонија.

На прашањето колку од вработените добиваат минимална плата, дури 90% од анкетираните компании одговорија дека само помеѓу 1% и 10% од вработените добиваат минимална плата, за 40% од компаниите зголемување во висина од 3% до 5% е прифатливо.

Во соопштението се наведува дека според анкетата, само за 15% од анкетираните компании зголемување во висина од 10% е прифатливо, а дури 85% од анкетираните компании сметаат дека Владата треба да ги информира 12 месеци порано за законското покачување на минималната плата. 65% проценти одговориле дека покачувањето не им е земено во предвид во буџетот за 2019, земајќи во предвид дека не биле навреме информирани. 

Добиените резултати од оваа анкета се од големо значење за понатамошните одлуки за даночна и финансиска политика која се води сега но и во иднина во Македонија, се вели во соопштението.

На почетокот на оваа година се изгласа законот за зголемување на данокот на доход од 10% на 18% за примателите на плата повисока од 900 евра нето, доколку се донесе и законот за зголемување на минималната плата, повторно компаниите  ќе се соочат со дополнителни давачи кои не се навремено предвидени во нивните буџети, велат од AHK.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×