Анкета на ИФИМЕС: 63% од граѓаните на РМ ги поддржуваат напорите за решавање на спорот со името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Мнозинство граѓани на Република Македонија ги поддржуваат напорите на премиерот Зоран Заев и на Владата за решавање на спорот со Грција во врска со името.

63% од испитаниците во анкетата што ја спровел Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, изразиле поддршка. 11% не даваат поддршка, додека 26% се изјасниле дека немаат став.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено во периодот од 19 до 28 февруари на примерок од 998 лица.

Повеќето граѓани ја сметат Грција за пријателска земја. На прашањето дали Република Грција ја сметаат за пријателска држава 41% одговориле потврдно, 33 одговориле со „не“, додека 26% немаат став.

59% од анкетираните позитивно ја оценуваат работата на Владата на Заев, 25% дале негативна оценка, а 16% изјавиле дека немаат став.

Работата на претседателот на државата Ѓорге Иванов позитивно ја оцениле 14% од анкетираните граѓани. 70% ја оцениле негативно, а 16% изјавиле дека немаат став.

Големо мнозинство ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство, предводено од обвинителката Катица Јанева.

78% ја поддржуваат работата на СЈО, 14% не ја поддржуваат, а 8% немаат став.

58% од анкетираните сметаат дека Заев треба да изврши реконструкција на сегашниот состав на Владата, 24 се на спротивното мислење, додека 18% немаат став.

57% го поддржуваат донесувањето на законот за унапредување на употребата на албанскиот јазик и јазикот на малцинските етнички заедници.

28% не даваат поддршка, а 13% немаат став.

66% имаат оптимистички поглед на иднината, 24% немаат таков поглед, а 10% изјавиле дека немаат став.

Големо мнозинство од граѓаните на Република Македонија (83%) го поддржуваат влезот на земјата во Европската унија. 6% не дале поддршка, додека 11% се изјасниле дека немаат став.

Седумдесет и еден отсто од испитаниците го поддржале влезот на Македонија во НАТО. 8% сметаат дека земјата не треба да влезе во Алијансата, додека 21% немаат став.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×