Анкета на Индепендент: Мигрантите најдобродојдени на Исланд – најмалку во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Мигрантите се најдобредојдени на Исланд и на Нов Зеланд, а најмалку во Македонија, во Црна Гора, во Унгарија и во Србија, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Галуп, која ја пренесуав британскиот весник Индепендент.

Весникот наведува дека повеќето земји кои се меѓу десетте најлошо рангирани, се наоѓаат на „балканската рута“ по која минуваа мигрантите на патот од Грција кон Германија.

Според истражувањето, Македонија на листата се наоѓа на последното, 138 место.

На испитаниците им било поставено прашање – дали е добро или лошо мигранти да живеат во вашата земја, да бидат ваши соседи или да стапат во брак со некој ваш роднина.

Повеќето од анкетираните, односно 54%, одговориле дека е добро мигранти да живеат во нивната земја, а половината дека би било добро да им бидат соседи.

Исто така, утврдено е дека помладите генерации повеќе ги прифаќаат мигрантите, како и жителите кои живеат во урбани средини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×