Анкета на ИРИ: 52% од граѓаните сметаат дека Груевски не треба да биде реизбран за премиер
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

На прашањето дали премиерот Никола Груевски добро си ја врши работата за да биде реизбран, 52% од анкетираните во најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (IRI) одговориле одречно. Дека Груевски заслужува реизбор се изјасниле 35%, што е раст во однос на јунската анкета, кога со истото мислење биле 32%. Дека преговорите меѓу четирите партии ќе доведат до успешна имплементација на сите аспекти од Договорот од Пржино сметаат 33%, а дека нема да биде така 24%, при што дури 29% одговориле дека не се запознати со проблематиката. Во однос на специјалниот обвинител, 33% од анкетираните сметаат дека Катица Јанева ќе може да работи независно и без влијанија, а 28% не веруваат дека тоа е можно. Анкетата на IRI објавена денеска е реализирана од страна на Брима, на 1.106 испитаници, во периодот од 29 септември до 5 октомври оваа година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×