Анкета на Стопанска комора: Компаниите најтешко наплатуваат од јавниот сектор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Над 40% од компаниите имаат проблем со наплата на побарувањата, особено кога станува збор за наплата на побарувања од јавниот сектор.

Ова го покажуваат резулатите од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Македонија во август, а ги презентираше денеска на прес-конференција.

Со цел да се надмине ваквата состојба СКМ бара да се направат измени пред да стапи во сила новиот Закон за извршување од јануари 2017 година, откако беше пролонгирано спроведување од 20 август годинава.

Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија истакна дека се бара приватните компании да може да ги напалатат своите побарувања од јавниот сектор од слободната парична маса на прептријатието на сметка.

Таа додаде дека се покренува ова барања бидејќи во оваа анкета, која е трета годинава, првпат  компаниите посочуваат дека имаат проблем при наплата на побарувањата по судска одлука.

„Компаниите се целосно оневозможени да ги наплатат побарувањата и како Стопанска комора имаме реакција за да се постигне рамноправност меѓу субејктите“, рече Билјана Пеева Ѓуриќ.

Во оваа трета по ред анкета годинава на Стопанската комора на Македонија опфатени се 800 компании од различни сектори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×