Анкета на Стопанската комора: 86% од фирмите нема да отпуштаат вработени
Објавено на од во Економија
Според анкетата на Комората, 44% од фирмите немаат проблеми со ликвидноста, додека 56%  имаат. Притоа, 65% од фирмите имаат кредити за отплата, а 35% немаат кредити за отплата.
 Работници
Стопанската комора на Македонија денес ги објави  преостанатите наоди од најновата анкета за последиците од кризата предизвикана од корона вирусот за македонската економија и очекуваните ефекти од економските мерки на Владата. Оваа анкета имаше за цел да овозможи увид во регистрираните последици за компаниите – членки на Комората во март и очекувањата за април 2020 година.
„Како што посочивме и вчера, Анкетата е направена во периодот од 7 до 14 април. Анкетата вклучува одговори на компании што минатата година заедно имале вкупни приходи од 94,4 милијарди денари или 1,53 милијарди евра.“, велат од Комората.
Речиси половина или 48% од анкетираните фирми се изјасниле дека нема да ги пратат работниците на принуден одмор, 19% дека ќе ги пратат на принуден одмор, 19% дека веќе ги пратиле на принуден одмор, а 13% размислуваат за друга можност.
Во однос на прашањето за отпуштање на работниците, 86,2% се изјасниле  дека нема да ги отпуштат вработените, 13% дека ќе ги отпуштат, а само 0,8% дека веќе ги отпуштиле.
„Ова потврдува дека стопанствениците се свесни за важноста на работната сила, во која патем е и инвестирано за успешно натамошно работење на претпријатијата, а соодветно на тоа и за потребата колку што е можно повеќе да ги задржат работниците во редовен работен однос.“, коментираат од Стопанската комора.
Во однос на финансиите, 44% од анкетираните фирми немаат проблеми со ликвидноста, додека 56%, очекувано, имаат проблеми со ликвидноста. Притоа, 65% од фирмите имаат кредити за отплата, а 35% немаат кредити за отплата.
Вкупно 81% од анкетираните фирми пријавиле одреден процент на откажување на договорените аранжмани или работа на претпријатието. Притоа, 35% од фирмите пријавиле дека процентот на откажување на договорените аранжмани или работа е поголем од 50%.
И покрај проблемите со кои се соочуваат претпријатијата во однос на производството, извозот, увозот, прометот и синџирот на добавувачи, радува сознанието дека 71% не размислуваат за затворање на претпријатието, а дополнителни 21% размислуваат за затворање само на еден дел од претпријатието. Ова може да се поврзе со фактот што дури 79% од анкетираните претпријатија работат повеќе од 10 години на пазарот. Според анкетата, 8% од анкетираните би го затвориле претпријатието во целост.
Во рамки на Анкетата, фирмите се изјаснија и во поглед на тоа која од економските мерки на Владата планираат да ја искористат.
•    Најголем дел од анкетираните фирми, 30% од нив, планираат да ја користат мерката – 14.500 денари месечно по вработен за април и мај, за компании погодени од кризата или 50% од трошоците за придонеси за секој вработен.
•    За користење на мерката – задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор се изјасниле 26% од претпријатијата.
•    Мерката – одложување на кредитите кај банките и пролонгирање на отплатите, репрограмирање, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, ќе ја користат 12% од анкетираните претпријатија.
•    Мерката – дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра од Развојната банка на Северна Македонија ќе ја користат 7% од претпријатијата.
•    Исто толку, 7% од анкетираните фирми се изјаснија за користење на мерката – 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×