Анкета: Нова демократија има сериозна предност во однос на СИРИЗА
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со предност од девет процентни поени пред владејачката Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА), грчката опозициска конзервативна партија Нова демократија и натаму е најпопуларна политичка сила во Грција, покажува последното истражување на јавното мислење во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, според анкетата на агенцијата „Пулс“, изработена за грчката телевизија „Скај“, доколку сега се одржат избори во грчкиот Парламент ќе влезат пeт партии, меѓу кои не е сегашниот коалициски партнер на СИРИЗА во Владата, партијата Независни Грци, која не би го добила потребниот број гласови за минување на изборниот цензус.

Според анкетата, Нова демократија ужива поддршка на 28,5% од граѓаните, а СИРИЗА на 19,5%. Изборниот праг би го минале уште и левоцентристичкото Движење за промена со поддршка од 8%, екстремно десничарската Златна зора со 7.5% и Комунистичка партија на Грција за која би гласале 5.5% од анкетираните.

Засега далеку по три процентниот изборен праг се десничарската Независни Грци и Сојузот на центристите со по 1.5% поддршка.

На прашањето, која личност е најсоодветна за премиер, 31% одговориле дека тоа е лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, 22% се определиеле за Алексис Ципрас, додека 39% од анкетираните сметаат дека „не е ниту еден од двајцата“.

Половина од испитаниците (50%), сметаат дека сега не е време за избори. На прашањето кога е најдобро, за економијата и општо за земјата, да се распишат избори, 37% сметаа веднаш, 36% на крајот од мандатот на владата, а 14% – „подоцна“.

На прашањето дали работите во Грција во последните шест месеци одат во правилна или погрешна насока, 63% одговориле дека одат во погрешна, а 25% во позитивна насока.

Истражувањето е спроведено од 11 до 13 март и со него биле опфатени 1.304 лица од цела Грција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×