Анкета: Повеќето Американци не веруваат дека роботите ќе им ги преземат работните места
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Многу Американци веруваат дека нивните работни места, како и на оние на луѓето со кои живеат, се безбедни од автоматизацијата барем наредната деценија, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата Асошиејтед прес (AP) и истражувачкиот центар NORC.

Анкетата покажала и дека повеќе од половина од испитаниците сметаат оти автоматизацијата, односно роботизацијата, во иднина би можела да ја олесни нивната работа или да ја направи поефикасна.

Како што е наведено во истражувањето, 57% од испитаниците оцениле дека е малку веројатно оти нив или некој од нивното домаќинство ќе ги замени автоматизацијата во наредните 10 години.

AP наведува дека новите истражувања на оваа тема покажуваат оти предвидувањата за намалувањето на работните места поради роботизацијата се поблаги во однос на студиите спроведени претходните години, што сугерираа дека половина од вработените во САД би можело поради автоматизацијата да останат без работа во наредните две децении.

Сепак, истражувањето на AP-NORC покажува дека многу Американци се загрижени поради влијанието на новата технологија на нивниот секојдневен живот и на пазарот на трудот.

Како што е наведено, три четвртини од испитаниците сметаат дека луѓето на некој начин ќе бидат „изолирани едни од други“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×