Анкета: За Грците Мицотакис би бил подобар премиер од Ципрас
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грците сметаат дека лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, е посоодветен за премиерската функција од Алексис Ципрас, покажа најново истражување, според кое разликата меѓу Мицотакис и Ципрас е 13 поени.

Според анкетата на агенцијата „Пулс“, ако сега има избори во Грција, Нова демократија ќе победи со разлика од 11 поени, односно за оваа партија би гласале 31,5% од анкетираните наспроти 20,5% за Сириза.

Неофашистичката „Златна зора“ се уште е на трето место со 7,5%, Демократскиот блок има шест проценти, Комунистичката партија 5,5, Курс кон слобода три, Сојузот на центристите 2,5%, Потами два проценти, Независни Грци два, и по еден процент од гласовите имаат Андарсија и Национално единство.

Вкупно 38% од Грците сметаат дека предвремени избори сега би биле најдобар чекор за земјата, додека 22% сакаат сегашната коалиција на Сириза и Независни Грци да остане на власт.

Грците се поделени и во однос на потребата од создавање на нови партии. Вкупно 43% се за тоа да има нови партии, додека 45% се против.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×