Анте Тодориќ, Агрокор, ексклузивно за Капитал: “Како станавме бизнис вреден 7 милијарди евра“
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во Македонија засега сме фокусирани на агробизнисот,  а за во иднина размислуваме и за малопродажбата, изјави за Капитал, Анте Тодориќ, наследикот на хрватската бизнис империја Агрокор која “тежи“ седум милијарди евра годишно, по аквизицијата на словенечки Меркатор.

“Девет години траеше преземањето на словенечки Меркатор,  57 банки беа вклучени во самиот процес, и од бизнис вреден 4 милијарди евра годишно, стигнавме до 7 милијарди евра“, рече Анте Тодориќ, извршен потпретседател за малопродажба на најголемата хрватска компанија Агрокор, на денешната коференција на Бизнис плус во Белград, каде што еден од организаторите е и Капитал.

Синот на Ивица Тодориќ и негов наследник на челната позиција на оваа регионална мега-компанија, пред присутните преку 200 менаџери од Балканот и пошироко, ја раскажа приказната за растот на Агрокор, особено по аквизицијата на словенечкиот трговски синџир Меркатор што се случи пред две години, а како процес почна уште во 2004 година.

Тодориќ истакна дека со бизнисот малопродажба се лидер во регионот Адриа, а на него отпаѓаат шест милијарди од годишните приходи на Агрокор, остатокот е од секторот производство на храна.

“Докажавме дека можеме успешно да се носиме со најголемите светски трговски синџири кои се присутни на пазарите од регионот. Во Хрватска, на пример, каде што се присутни седум трговски гиганти од светот, држиме 30% од пазарот на ритејл, после аквизицијата на Меркатор имаме речиси 2.000 продажни објекти  во пет земји,  со преку еден милион метри квадратни метри простор“, рече Тодориќ.

Нови вработувања и поголема потрошувачка за излез од кризата

Според него, тоа е извонредна прилика за снабдувачите од регионот, кои што треба да се развиваат со помош на големите системи како што е Агрокор.

“Од локалните производители, наши снабдувачи, очекуваме да се иновативни, конкурентни, да одат со здрава бизнис логика, и да размислуваат подалеку од нивните национални граници, како што правевме ние. Во регионот влегоа голем број светски трговски синџири кои што во своите продавници логично е дека ги форсираат своите производители, па затоа ние сме тука да ги поддржуваме нашите производители, односно сите компании од Словенија до Македонија. На тој начин ја зголемуваме вработеноста и потрошувачката во регионот, едиствен начин на кој што може да се бориме притив кризата и рецесијата“,  порача Тодориќ.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×