Антонија Шишак: Финансиската поддршка од ЕУ ќе придонесе за зголемување на учеството на туризмот во локалниот економски развој
Објавено на од во Интервју

За отварање shАнтонија Шишак
директор на проектот „Локална и регионална конкурентност“

„Инвестициите овозможени преку нашиот проект ги таргетираат чинителите од областа на туризмот кои се клучни за развој и унапредување на една дестинација. Субјектите, секој согласно своите ингеренции, работат кон подобрување на инфраструктура за подобрување на општиот впечаток на туристот, вложување во нови и подобрени производи и услуги, подобрување на квалитетот, зголемување на продуктивноста, воведување на иновативни производи и проширување на моменталната понуда. Сметаме дека преку финансиската поддршка ќе се генерираат дополнителни инвестиции во приватниот сектор и ќе се зголеми бројот на работни места во туризмот, но исто така ќе придонесеме кон зголемување на учеството на туризмот во локалниот економски развој.“

 

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) претставува комплексен проект финансиран преку Инструментот за претпристапна помош на Европската унија (ИПА II) во износ од 18 милиони евра и национална контрибуција од страна на Владата на Република Северна Македонија во износ од 3,2 милиони евра. Најголем дел од средствата се наменети за подгрантова шема преку која разните корисници исто така ќе придонесат со свое ко-финансирање при реализација на потпроектите, со што се очекува преку овој Проект во туризмот да бидат вложени околу 24 милиони евра. Со директорот на ПЛРК, Антонија Шишак, разговараме околу главните цели на Проектот, неговите компоненти, каде се досега вложени средствата и што се планира за следниот период.
Кои се целите на Проектот Локална и регионална конкурентност и кој го спроведува во земјава?
Неговата основна цел е да го зајакне придонесот на туризмот во локалниот економски развој и да ги унапреди капацитетите на Владата и државните институции кои се надлежни за секторот туризам, со што ќе се поттикне развојот на овој сектор и ќе се олесни управувањето со дестинациите.
Составен е од четири компоненти, од кои првата компонентата вклучува техничка помош за развој на туризмот во земјата и истата ја спроведува Светска банка, којашто воедно е и администратор на целиот Проект. Останатите три компоненти ги спроведува Владата односно Кабинетот на Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори (КЗПВРСМ) преку Единицата за спроведување на проектот (ЕСП).
Во која фаза е проектот и кои активности се реализираат во моментов?
Преку втората компонента е планирано и јакнење на капацитетите на институциите кои се надлежни во секторот туризам, пред сè преку спроведување на реформи во неколку области, како и преку ангажирање на соодветна техничка помош која во соработка со државните институции ќе придонесе за надминување на одредени пречки за непречено функционирање на чинителите во секторот туризам. Крајната цел преку преземените активности е унапредување на деловното опкружување, јавно – приватниот дијалог, и стратегиското планирање во секторот туризам. Исто така, преку оваа компонента ангажирана е консултантска компанија која во соработка со експертите од Светска банка работи на развивање на процесот на управување со дестинации, со што ќе се поддржат определени туристички дестинации во земјата.
43shТретата компонента предвидува поддршка на инвестиции во туристичката инфраструктура и поврзување во дестинациите и всушност ја претставува подгрантовата шема, а четвртата компонента се однесува на ангажманот и функционирањето на самата единица за спроведување на проектот.
Во рамките на третата компонента за која беа предвидени средства во износ од 16,4 милиони евра, беа распишани два јавни повика на кои можност да аплицираат имаа широк спектар на корисници, вклучувајќи ги општините, јавните установи, регионалните плански центри, образовните установи, центрите за обука, невладините организации и микро и малите претпријатија. Утврдени беа три типови на подгрантови и тоа за: инфраструктурни инвестиции, за подобрена испорака на туристичките услуги и локални економски влијанија за организациите од туристичкиот сектор и образовните установи.
Предложените потпроекти беа евалуирани од страна на независна техничка комисија сочинета од експерти од различни области и оценувањето беше спроведено според однапред јасно дефинирани и јавно достапни критериуми, а при оценувањето беше посветено големо внимание на капацитетот на апликантите, релевантноста на предложените активности, недостатоците кои ги адресираат, очекуваните ефекти од предложените активности во областа на туризмот, како и одржливоста на потпроектите.
Со првиот повик се финансираа проекти во вкупен износ од 2,1 мил евра од кои 1,85 милиони евра беа наменети за општините, а околу 250 илјади евра за невладиниот сектор.
Во вториот повик, интересот на апликантите беше речиси трипати поголем отколку во првиот повик, што се должи на поголемата информираност на засегнатите страни за можноста за користење на подгрантови, како и на заложбите на ЕСП да ги едуцираат и да им помогнат на апликантите во процесот на подготовка на комплетната документација, за што беа организирани низа работилници во сите десет дестинации, како и бројни состаноци со апликантите.
Во рамките на вториот повик доделени се околу 14,3 милиони евра на предлог потпроекти поднесени од општини, јавни институции, невладини организации и здруженија на граѓани, како и микро и мали претпријатија.
Колку од средствата на Проектот досега се искористени и уште колку повици преостануваат?
Во рамките на двата повика кои беа објавени досега потпишани се договори во вкупна вредност од околу 9,1 милиони евра, а до крајот на месец мај ќе бидат потпишани договори во износ од околу 2,6 мил евра. Постапката за потпишување на договорите продолжува до целосното искористување на предвидените средства со овој Проект, што значи дека трет повик нема да биде објавен бидејќи на резервната листа има низа квалитетни проекти на кои доколку останат дополнителни средства ќе им бидат доделени.
За какви проекти претежно се работи, односно за каков тип инвестиции интересот беше најголем според приложените апликации?
Најпрво, би сакала да истакнам дека речиси сите општини поднесоа свои предлог потпроекти. Невладиниот сектор, како што беа и нашите очекувања, беше мошне креативен и иновативен и пројавија голем интерес за нашиот Проект.   Што се однесува до приватниот сектор, односно микро и малите претпријатија, иако повеќето без искуство во пополнување и поднесување на апликации, со наша поддршка и едукација на работилниците и состаноците кои ги одржувавме за време на траењето на повикот, на крајот успеавме да добиеме голем број на квалитетни предлог потпроекти со низа интересни активности кои секако ќе ја збогатат туристичката понуда.
Преку грантовите наменети за општините и јавните институции се финансираат потпроекти за туристички производ и придружна инфраструктура, кои се од критично значење за надградувањето на квалитетот на туристичките атракции, локации и општото искуство на посетителите. Предвидени се низа активности како реконструкција и санација на музеи, туристичко – информативни центри, објекти од историско и културно значење, подобрување на пристапните патишта кои водат до локациите со богато природно и културно наследство, воспоставување и маркирање на пешачки и велосипедски патеки, како и придружни активности кои ќе придонесат кон поголема информираност и зголемување на препознатливоста на туристичките локации преку организирање на настани, печатење на промотивни материјали, креирање на веб страници, мобилни апликации, и сл.
Со реализацијата на активностите вклучени во проектите на невладиниот сектор, ќе се овозможи подобрување на квалитетот на услугите преку реализација на различни типови на обуки, воведување на нови, иновативни производи и решенија атрактивни како за домашните така и за странските туристи како што се тандем скокање со падобран, летање во балон, јавање коњи низ недопрената природа, возење електрични велосипеди, скијање и многу други иновативни активности. Тие се спакувани на еден поатрактивен начин и имаат за цел да го подобрат и збогатат искуството на посетителот и на тој начин тој ќе има можност, не само да ја види туку и да ја доживее нашата земја.
Предложените активности на микро и малите приватни претпријатија ќе овозможат развој на нови и подобрени производи и услуги во синџирот на вредности во туризмот. Преку низа активности како што се реновирање, проширување и подобрување на постојни објекти ќе се подобри конкурентноста на сместувачките капацитети, ќе се подобрат или воведат нови услуги и ќе им се овозможат разновидни активности на туристите, се со цел да ги задржиме подолго во нашата земја . Нашата цел е нивниот престој да биде исполнет со разни доживувања и искуства и да им го направиме незаборавен и да посакаат повторно да дојдат и да не посетат, но и да им препорачаат на своите пријатели да нè посетат.
44shКоја ќе биде додадената вредност од проектот “Локална и регионална конкурентност“?
Инвестициите овозможени преку нашиот проект ги таргетираат чинителите од областа на туризмот кои се клучни за развој и унапредување на една дестинација. Субјектите, секој согласно своите ингеренции, работат кон подобрување на инфраструктура за подобрување на општиот впечаток на туристот, вложување во нови и подобрени производи и услуги, подобрување на квалитетот, зголемување на продуктивноста, воведување на иновативни производи и проширување на моменталната понуда.
Сметаме дека преку финансиската поддршка ќе се генерираат дополнителни инвестиции во приватниот сектор и ќе се зголеми бројот на работни места во туризмот, но исто така ќе придонесеме кон зголемување на учеството на туризмот во локалниот економски развој и ќе создадеме цврста и одржлива основа за понатамошен развој и зголемување на конкурентноста во областа на туризмот. Секако значителни резултати очекуваме и од спроведувањето на реформите кои ќе се идентификуваат преку консултативниот јавен – приватен дијалог во процесот на управувањето со дестинациите.
Туризмот денес, не само што е еден од најважните растечки сектори на економијата, туку прерасна и во глобален феномен. Ние, како една од земјите кои имаат природни ресурси, гео-локација, клима, историја и сè што е потребно за развој на туризмот како одржлива стратешка економска гранка треба да го искористиме нашиот потенцијал најдобро што можеме.
Владата на Република Северна Македонија изминатите години посветено работеше на спроведување на политики, програми и мерки за развојот на туризмот, што се рефлектираше со континуиран пораст на вкупниот број на туристи, како и удвојување на бројот на странски туристи кои ја посетуваат нашата земја. Бројните проекти кои се реализираа придонесоа туризмот постепено да прераснува во сè позначајна стопанска гранка во која сè повеќе луѓе и компании ја гледаат својата иднина.
Проектот за локален и регионален развој на туризмот, кој се спроведува со заедничка заложба на Владата, Европската унија и Светска Банка е надополнување на досегашните политики, програми и мерки за развојот на туризмот на кои што во изминатиот период работеше Владата преку своите институции и тела и може да кажам дека проектот ја претставува нишката која недостигаше за да се заокружи целокупната поддршка за развој.
Во периодот на конципирање на проектот, заедно со тимот на експерти од Светската Банка преку посета на туристичките локации, разговори и интервјуа со главните учесници во туризмот од секоја дестинација се даде фокус на идентификување и елаборирање на недостатоците, како и на сите постоечки потенцијали за развој на туризмот во Македонија. Како резултат на тоа се изработија Развојни планови во кои беа идентификувани потенцијалите за развој и мерките кои треба да се преземат за да имаме најголемо влијание врз развојот на туризмот. Развојните планови беа основа за доделување на под- грантовите преку Проектот, но овие планови можат да им послужат и на сите заинтересирани страни од туристичкиот сектор кои сакаат да работат на подобрување на своите капацитети.
Какви активности се презедоа во рамки на Проектот со цел јакнење на капацитетите на државните институции надлежни за секторот туризам?
ЕСП заедно со експертите на Светска банка во изминатиот период реализираше низа консултативни состаноци со клучните чинители од државните институции од секторот туризам, а се со цел реализација на активности кои ќе одговорат на нивните потреби за јакнење на капацитетите. Во претстојниот период, предвидено е организација на неколку студиски тури, обуки и конференции. Бидејќи една од основните цели е градење на капацитетите на вработените во секторот туризам, во моментов течат подготвителните активности за организирање на потребните обуки.
Во исто време, ангажираната консултантска компанија интензивно работи на развој на процесот за управување со дестинации кој што на светско ниво е идентификуван како еден од најдобрите начини за организирање и функционирање на секторот туризам. Реализирани се работилници во сите 10 дестинации на кои учествуваа бројни чинители од секторот туризам, направени се интервјуа и анкети со главните чинители и следната цел е дефинирање на три дестинации во кои ќе се формираат пилот организации за управување со дестинациите, во кои во интерес на организирано и одржливо функционирање активно ќе партиципираат претставници како од јавниот, така и од бизнис и граѓанскиот сектор.
На што ќе се фокусира Единицата за спроведување на Проектот во следниот период?
Како што кажав и претходно, покрај активностите поврзани со градење на капацитети на вработените во секторот туризам, воспоставување на организациите за управување со дестинациите, финализирање на потпишувањето на договорите со корисниците на грантови, ни следи и фаза на имплементација на проектите.
ЕСП ги спроведува набавките за општините и јавните институции согласно процедурите на Светска Банка, а воедно ги обучуваме, едуцираме и контролираме асоцијациите и малите и микро претпријатија во процесот на реализација на набавките од нивна страна, кои исто така треба да се спроведат согласно критериумите за набавки на Светска Банка.
Во периодот кој следи, главниот фокус секако ќе биде врз успешна имплементација и реализација на проектите предложени за финансирање, водејќи при тоа сметка да се запазат и сите мерки за заштита на животната средина и културното наследство.
Верувам дека со спроведувањето на финансираните активности преку нашиот проект ќе придонесеме кон зголемување на атрактивноста на нашата земја како посакувана туристичка дестинација не само во регионот туку и пошироко.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×