Антонио Аргир: Клиентите не треба да се грижат за средствата вложени во НЛБ Банка
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Нашите клиенти не треба да се грижат за средствата вложени во НЛБ Банка и по немилиот настан што се случи пред два дена“, изјави и денеска претседателот на Управниот одбор на банката, Антонио Аргир, на денешната свеченост по повод одбележувањето на петанесетгодишнината од првото електронско банкарство во земјава – НЛБ Проклик, електронско банкарство за правни лица, говорејќи во контекст на кражбата во која вработен во банката украде околу три милиони евра.

„Нашите колеги ќе ги надминат овие работи и ќе продолжат со успешно работење, како и досега. Клиентите не треба да се грижат за нивните средства. Ние продолжуваме со работа и ќе бидеме предвесници на новите технологии во банкарството“, рече Аргир.

Претседателот на групација НЛБ од Љубљана, Блаж Бродњак, кој беше присутен на свеченоста, рече дека управата на банката има целосна доверба во НЛБ Банка.

„Имаме целосна доверба во раководството на НЛБ Банка, која е најдобра банка во регионот. Остануваме и ќе инвестираме во регионот и во Македонија“, рече Бродњак.

За означување на јубилејот – 15 години – НЛБ Проклик, а во насока на дигитализирање на банкарското работење, НЛБ Банка прва на пазарот во Македонија воведува мобилно банкарство за правни лица за целосно работење со платниот промет во земјата – НЛБ мПроклик. Исто така, денеска беше промовирана и новата платформа на НЛБ Проклик – електронското банкарство за правни лица со нови и подобрени функционалности.

Новата НЛБ мПроклик мобилна апликација за правни лица има модерен и интуитивен дизајн и овозможува едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки и бизнис картички на правното лице. НЛБ мПроклик овозможува преглед, филтрирање и превземање на изводи од сметки и налози директно од мобилниот телефон на корисникот. Со апликацијата може да се извршуваат сите плаќања во денарскиот платен промет, само со еден клик – без потреба од дополнителен уред – токен, во било кое време и од било кое место. НЛБ мПроклик апликацијата на фирмите им овозможува директен пристап до Банката, 24 часовна директна комуникација преку новата комуникациска платформа, можност за лоцирање на најблискиот банкомат или експозитура, како и пристап до целата палета на продукти и услуги кои Банката им ги нуди на своите клиенти.

Преку новата платформа на НЛБ Проклик со нови и подобрени функционалности, на правните лица им е достапна новата услуга  Е-кредити (преглед на кредитите и директно плаќање на обврските), можност за персонализирање на изгледот и прилагодување на начинот на работење, како и комуникациска платформа преку која клиентите ќе можат да остваруваат директна комуникација со Банката во било кое време, да добиваат известувања за новитети и персонализирани понуди од Банката.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×