НЛБ Тутунска банка преку Македонската берза информирааше дека Антонио Аргир е нов член на Управниот одбор на Банката.
Агрир на 9 јули и официјално добил согласност за вршење на оваа функција од страна на гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов.Тој најверојатно ќе биде назначен на местото на досегашниот долгогодишен директор Ѓорѓи Јанчевски, кој заминува во пензија, а кој ја вршеше функцијата претседател на Управниот Одбор на НЛБ Тутунска банка.
Антонио Аргир досега беше директор на Деловен сектор-деловна мрежа и член на Одборот за управување со ризици во НЛБ Тутунска банка.