Апелација ги уважи жалбите на СЈО за Грујовски, Јакимовски и Бошковски и им одреди притвор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Апелацискиот суд – Скопје, за тројца обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство, и ги преиначи првостепените решенија и поради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка им определи мерка притвор.

„Апелацискиот суд – Скопје по одржаните седници на ден 17.7.2017 година донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „Таргет“ и „Тврдина“, со кои за тројца обвинети ја уважи жалбата на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје, на начин што ги преиначи првостепените решенија и жалбите на Обвинителството ги уважи, а кон обвинетите Г.Г., Н.Б и Т.Ј., поради обезбедување нивно присуство во кривичната постапка, определи мерка притвор, додека за останатите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани“, се наведува во денешното соопштение од Судот.

Обвинетите Грујовски, Јакимовски и Бошковски имаат право на жалба пред Врховниот суд, и нема да одат во притвор дури истиот не се произнесе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×