Апелација потврди: Две години затвор за Груевски
Објавено на од во Економија

груевски-судАпелациониот суд ја потврди затворската казна за поранешниот премиер Никола Груевски, со што пресудата со која е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ односно набавката на луксузниот мерцедес станува правосилна.

 „Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители судот ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост“, соопштуваат од Апелација.

 Апелација донесе одлука и по жалбите за помошникот министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски кој со првостепената пресуда во истиот случај „Тенк“ беше осуден на казна затвор од шест години и шест месеци и му ја намали казната на четири години.

 „Жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди“, се вели во одлуката на Апелација.

Груевски има можност да поднесе Барање за заштита на законитоста (БЗЗ) до Врховниот суд со кој раководи Јово Вангеловски, но тоа не го одложува извршувањето на казната.

За Груевски да почне со издржување на затворската казна, прво судот треба да издаде упатен акт. Постои веројатност и Груевски да не оди во затвор, доколку веднаш поднесе БЗЗ до Врховниот суд и ако истото му биде уважено во краток рок, пред судот да го издаде актот за извршување на казната.

Скандалот што беше откриен во „бомбите“ на СДСМ, каде што можеше да се слушне како Груевски директно го нарачува „мерцедесот“ од тогашната министерка Гордана Јанкулоска, а случајот го водеше Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×