Connect with us

технологии / компании

Apple ги претстави iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max

објавено

на

И двата модели располагаат со напредниот А15 Bionic микрочип што Apple го дизајнираше  во сопствениот оддел за истражување и развој, како и со подобрени камери.

Американскиот технолошки гигант Apple  ги претстави пред светската јавност новите iPhone 13 Pro со екран од 6,2 инчи и iPhone 13 Prо Max со екран од 6,7 инчи, двата најпрестижни модели на смартфони во својата понуда. И двата модели располагаат со напредниот А15 Bionic микрочип што Apple го дизајнираше  во сопствениот оддел за истражување и развој, како и со подобрени камери.

OLED екраните на смартфоните имаат адаптивна refresh rate до 120 Hz, а двата модели се опремени со по три камери што сега имаат ноќен мод и микро мод. iPhone 13 Pro  и iPhone 13 ProMax сега го поддржуваат ProRes форматот и дозволуваат снимање на видеа до 4K/30fps.

Батеријата на 13 Pro Max трае 2,5 часа подолго одошто таа на 12 Pro Max, а батеријата на 13 Pro издржува 1,5 час подолго во споредба со таа на 12 Pro.

Исто така, iPhone 13 Pro стана првиот од телефоните во понудата на Apple што нуди верзија и со внатрешна меморија од 1 терабајти.

На американскиот пазар, iPhone 13 Pro ќе стартува со цена од 999 долари, додека нешто поскапиот Pro Max  со цена од 1.099 долари (се мисли на цена без претплатнички договор).

Во Македонија според цените на, сега веќе претходната генерација 12 Pro и 12 Pro Max, коишто се движат од околу 60.000 денари па се’ до 105.000 денари за најскапиот Pro Max што го нуди еден од телеком операторите, може да претпоставиме дека цените на новите модели 13 Pro и 13 Pro Max ќе се движат во од 65.000 денари нагоре.

македонија2 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија2 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија4 дена ago

Јошка Фишер од Самитот во Скопје: Западен Балкан припаѓа на Европа, не ги отворајте вратите за играчи како Кина

македонија4 дена ago

Заев на Самитот на Западен Балкан: Економијата се стабилизира, порака до сите инвеститори да вложат во Северна Македонија

економија2 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

македонија5 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

lifestyle5 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

свет6 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

економија5 дена ago

Македонските агро – бизниси ќе учат како да продаваат преку дигитални канали