Apple четврта година по ред највреден светски бренд
Објавено на од во hi-tech & business

Apple и годинава е највреден светски бренд, четврта година по ред, со раст на вредноста од 5%, на 178,12 милијарди долари, според новата ранг-листа на консултантската компанија за брендирање, Interbrand.

На листата највредни светски бреднови првпат годинава се најдоа француски Dior на 89-то место, и производителот на електрични возила Tesla, на 100-та позиција.

Google е втор на листата на највредни глобални бреднови, со раст на вредноста од 11%, на 133, 25 милијарди долари. Кај третата, Coca-Cola, има пад на вредноста од 7%, на 73 милијарди долари.

Следи Microsoft на четвртото место, со вредност на брендот од 72,79 милијарди долари, што е раст од 8% во однос на лани. Петта е јапонска Toyota со раст од 9%, на 53,58 милијарди; шести е IBM чија вредност се стопила за неверојатни 19%, на 52,5 милијарди долари.

На седмото место на листата највредни брендови во светот е јужнокорејски Samsung, со вредност од 51,8 милијарди долари, односно раст од 14%, пред Amazon, кој се засилил за 33%, на 50,3 милијарди долари.

Деветти е Mercedes Benz, со раст од 18%, на 43,5 милијарди долари, а првите десет на листата ги заокружува General Electric со раст од 2%, на 43,13 милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×